Економија
ВСЏ: Кина уште годинава ќе стане втора економија во светот
Кина уште оваа година може да стане втората по големина светска економија, по САД и пред Јапонија.
Кина уште оваа година може да стане втората по големина светска економија, по САД и пред Јапонија.
Ова стана можно откако Јапонија објави за забавувањето на стапките на економски раст во второто тримесечје од тековната година, пишува „Волстрит џурнал“ -ВСЏ -(Wall Street Journal).
Бруто домашниот производ (БДП) на Јапонија во првата половина на оваа година достигна 2,578 трилиони долари, а на Кина – 2,532 трилиони.
Статистиката покажува дека Кина наскоро ќе може да ja надмине Јапонија по волумен на БДП: јапонската економија продолжува да се бори со последиците од кризата, додека кинеската активно расте , благодарение на автомобилската и челичната индустрија, како и на зголемениот извоз.
БДП на Јапонија во второто тримесечје достигна само 1,288 трилиони долари, додека на Кина – 1,336 трилиони долари, пренесе Бгнес.
„Во иднина нашите очекувања се дека јапонската економија ќе почне да паѓа, бидејќи стапките на раст на извозот продолжуваат да се намалуваат”, изјави Хироши Ватанабе, познат економист од „Даива Рисрч Интитут“ (Daiwa Research Institute).
Тој очекува дека уште во почетокот на 2011 година, економијата ќе почне да се забавува. Сето ова овозможува да се претпостави дека уште оваа година Кина еднаш и засекогаш ќе ja надмине Јапонија.
Што се однесува на САД, разликата помеѓу БДП на американската и кинеската економија е околу 10 трилиони долари.
„Кина импресионира со тоа како успешно успева да се справи во време што за повеќето земји во светот е исклучително тешко”, изјавил Брус Касман, познат економист на „ ЈП Морган Чеис“ (JPMorgan Chase).
Само до пред 10 години Кина беше на седмото место меѓу најголемите светски економии.
Пред три години земјата успеа да ja стигне Германија и да го заземе третото место. Но, статистиката може да биде измама, пишува во текстот на Вол Стрит Џурнал.
На пример, ако се пресметува по паритет на куповната вредност, Кина кај престигна Јапонија одамна.
Но, во пресметка по глава на жител Јапонија ја надминува Кина за десетпати затоа што Јапонија беше втора економија во светот, но Кина има многу повеќе жители.
Не значи дека економската доминација на Кина ќе стане и политичка, пренесува њујоршкиот весник.
„Постојат многу јасни граници за Кина во поглед на трансформацијата на нејзината економска сила од фиктивна во вистинска”, убеден е Ендрју Шерер, истражувач од Институтот за истражување на меѓународните односи Lowy.
На пример, потопување на патролниот брод “Чхонан” во водите на Северна Кореја стана нова појдовна точка во меѓународните односи со Кина.
Во Јужна Кореја, чии граѓани загинаа на овој брод, сфатија дека, иако Кина е најголемиот трговски партнер на нивната земја, таа истовремено е најблискиот сојузник на нивниот противник број еден – Северна Кореја.
За земјите од Југоисточна Азија, Кина исто така е главен економски партнер. Но, неодамнешните обиди на Кина да си “присвои“ остров и и водени површини во Кинеското море, станаа загрижувачки сигнал и за овие земји, пишува „Вол Стрит Џурнал“./крај/wsj/бгн/ ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

