Македонија
Јанкуловска бара поголема активност од СВР Скопје
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска побара поголема ажурност и забрзана активност од СВР Скопје во расчистувањето на кривичните дела кои последните денови ја вознемирија јавноста.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска побара поголема ажурност и забрзана активност од СВР Скопје во расчистувањето на кривичните дела кои последните денови ја вознемирија јавноста.
„Моето барање до раководството на СВР Скопје беше поголема ажурност и забрзана активност посебно на планот на расчистување на овие кривични дела, бидејќи собрани се одреден број на докази, одреден дел на индикатори што одат во насока на расчистување на кривичните дела, меѓутоа неопходно е да стигнеме до финална реализација и конечно да бидат приведени сторителите на кривичните дела“ изјави Јанкуловска.
Од почетокот на годинава ограбени беа девет банки, за разлика од лани кога беа ограбени вкупно осум банки за цела година. МВР се уште не ги расчистила грабежите. Се уште трага и по убиецот од Чаир.
„Од она што денес колегите ми го презентираа евидентно е дека се преземи голем број на чекори, меѓутоа може да се заклучи дека се работи за комплексни и сериозни кривични дела каде што сторителите се добро опремени и добро подготвени и очигледно е потребно малку повеќе време за да сите овие докази и сите овие информации се стават во контекст на извршените дела, што во крајна линија би значело нивно расчистување, односно финална реализација“ додаде Јанкуловска. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

