Македонија
Груевски со отчет од над еден час за изминатите четири години
Вкупно 75 минути траеше отчетот на премиерот Никола Груевски, посветено на последните четири години, откако ја извршува премиерската функција.
Вкупно 75 минути траеше отчетот на премиерот Никола Груевски, посветено на последните четири години, откако ја извршува премиерската функција. Груевски овој период го подели на два дела: периодот од 2006-та до 2008-ма година пред светската економската криза и периодот од 2008-ма до денес, откако е започната кризата. Груевски детално по области го образложи сработеното во последните четири години. Смета дека двата најголеми проблеми со кои се соочила владата под негово водство се светската економска криза и проблемот за името со Грција. Смета дека во последните четири години е многу сработено. „За четири години, работите на сите полиња се мрднаа од мртва точка. Имаше грешки и ќе ги има во иднина, бидејќи ќе продолжиме да брзаме да го надокнадиме пропуштеното време и пропуштените шанси од минатото. Од грешките никој не бега и ќе сториме се за да ги поправиме. Но работите не стојат како порано. Во Македонија има промени и подобрување, луѓето се раздвижени, очекувањата се зголемени“, рече Груевски. Премиерот најави дека отчетот за работата на владата во последните четири години наскоро во печатена верзија ќе биде достапен пред граѓаните. (следува поширока верзија) /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

