Свет
АП:Конфузија во воената операција во Либија
Општ хаос и конфузија владее меѓу сојузниците при нападите во Либија. Не се знае кој предводи, ниту чии се надлежностите, додека на теренот цивилите и натаму гинат, оценува денеска Асошиејтед прес(АП).
Општ хаос и конфузија владее меѓу сојузниците при нападите во Либија. Не се знае кој предводи, ниту чии се надлежностите, додека на теренот цивилите и натаму гинат, оценува денеска Асошиејтед прес(АП).
Агенцијата подвлекува дека пред почетокот на воената операција во Либија, американскиот претседател Барак Обама изјави дека американското учество ќе биде кратко, во насока на заштита на цивилите, но на терен состојбата е поинаква.
„Сè уште може да се сврти во наша полза, но за да се случи тоа, мораме да примениме значително појака воена сила за да успееме“, изјави Арон Дејвид Милер, соработник на центарот „Вудро Вилсон“ и поранешен американски преговарач за Блискиот исток.
„Земајќи ги предвид ограничувањата со кои се соочуваме, како и нашата сопствена воздржаност, не ми изгледа дека сме подготвени тоа да го направиме…Изгледа дека се движиме кон мртва точка која на Гадафи нема многу да му пречи“, додаде Милер.
Американскиот Конгрес исто е скептичен кон операцијата во Либија, нагласува АП.
Како што оценува агенцијата, изгледа дека нема согласност меѓу претседателот и военото раководство на САД, бидејќи Обама нагласува дека САД се едни од сојузниците, додека генералите на прес конференција оставаат впечаток дека Пентагон ја води операцијата во Либија.
Експертот за Африка во вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии Ричард Дауни, очекуваше водечката улога на САД во Либија да трае пократко.
„Мислам дека сите учесници имаат доста проблеми со усогласувањето на своите активности…во овој момент очигледно не се сигурни дали можат тоа да го решат, а што повеќе време ќе им треба, потешко ќе биде за САД,“, смета Дауни. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: САД се подготвени да им помогнат на демонстрантите во Иран
САД „се подготвени да им помогнат“ на иранските демонстранти, изјави американскиот претседател Трамп, додека бројот на загинати во демонстрациите низ Иран се искачи на повеќе од 100, соопштија активисти.
Додека протестите низ Иран влегуваат во третата недела, иранските власти воведоа комуникациски прекин, а државните медиуми за немирите ги обвинуваат „терористичките агенти“ од САД и Израел.
Бројот на загинати во протестите се зголеми од 65 на 116, со над 2.600 уапсени лица, според американската новинска агенција „Активисти за човекови права“.
Американскиот претседател, кој го бомбардираше Иран минатото лето, ја објави својата поддршка за демонстрантите на Truth Social.
„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега“. САД се подготвени да помогнат!“, рече тој.
Не е јасно на каков вид поддршка мисли Трамп, а неговата изјава доаѓа еден ден откако кажа дека САД „многу силно“ би го погодиле Техеран доколку иранската влада „почне да убива луѓе“.
Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, синоќа ја пофали „храброста“ на демонстрантите кои излегуваат на улиците и покрај насилната репресија.
„Ова се основни права: слобода на говор, мирно собирање и користењето на тие права никогаш не смее да биде проследено со закана од насилство или одмазда“, изјави таа.
Претходно, иранскиот јавен обвинител, Мохамад Мовахеди Азад, упати закани кон демонстрантите дека ќе се соочат со обвинение за „мохаребех“ и ќе им се суди како „непријатели на Бога“.
Делото „мохаребех“ во Иран се казнува со смртна казна.
Обвинителот додаде дека обвинението ќе важи за „немиротворци и терористи“ кои оштетувале имот, ја загрозувале безбедноста, како и за оние кои им помагале.
Исти закани во петокот упати и обвинителот од Техеран, Али Салехи, откако врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги обвини демонстрантите дека дејствуваат во интерес на Доналд Трамп.
Свет
(Видео) „Европските идиоти сакаат војна, ова е она што ќе го добиете“, рече Медведев и објави снимка од руски напад со балистичка ракета
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, објави снимка од руски напад врз западна Украина, во кој беше искористен системот „орешник“, како предупредување до европските функционери кои, како што наведе, ја промовираат идејата за распоредување на НАТО и европски трупи во Украина.
„На крајот на краиштата, владејачките европски идиоти сакаат војна во Европа. Илјада пати е кажано: Русија нема да прифати никакви европски или НАТО трупи во Украина, но не – ‘Микрон’ (францускиот претседател Емануел Макрон) продолжува да ја шири оваа бедна глупост. Па добро, тогаш, да се соочиме со тоа. Ова е она што ќе го добиете“, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс, приложувајќи снимка од надзорни камери од напад со ракетниот систем „орешник“, пренесува агенцијата РИА Новости.
The ruling European dimwits want a war in Europe after all. It’s been said a thousand times: Russia won’t accept any European or NATO troops in Ukraine, but no, Micron keeps peddling this pathetic bullshit. Well, come on then. This is what you’ll get: pic.twitter.com/6XqMMn2ILP
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 10, 2026
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во ноќта меѓу 8 и 9 јануари е изведен напад на територијата на Украина, меѓу другото и со балистичка ракета „орешник“, наведувајќи дека тоа е одговор на наводниот напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Валдaј кон крајот на декември.
Командата на Воздухопловството на Вооружените сили на Украина соопшти дека балистичката ракета со која на 8 јануари бил нападнат Лавов се движела со брзина од околу 13.000 километри на час.
Зеленски: Рускиот напад со „орешник“ беше демонстративно блиску до границата со ЕУ
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека рускиот ракетен напад со „орешник“ бил „демонстративно“ близу до границата меѓу Украина и Европската Унија.

Во своето обраќање, Зеленски рече дека балистичката ракета со среден дострел „орешник“ претставува предизвик и за земјите членки на ЕУ, како што се Полска, Романија и Унгарија, пренесе Ројтерс.
Свет
Сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, рече главниот обвинител на Иран
Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, изјави дека сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, според иранските државни медиуми. Ова дело е казниво со смрт, пренесува Скај њуз.
Оваа одредба се однесува на „бунтовниците и терористите“ кои оштетиле имот и ја загрозиле безбедноста, како и на сите оние кои им помогнале, рече Мовахеди Азад.
Обвинителството треба брзо да ги подготви судењата и да не покажува никаква „благост, сочувство или попустливост“, додаде тој.
Иранската војска соопшти дека САД и Израел стојат зад неодамнешните немири во неколку градови низ земјата, предупредувајќи ги граѓаните за, како што рече, странски заговори насочени кон дестабилизација на Иран.
Во соопштението, армијата ги повика граѓаните да останат внимателни, да го зачуваат националното единство и да не подлегнуваат на, како што се наведува, „лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ“. Се вели дека „непријателот“, чии „раце се извалкани со крвта на Иранците“, се обидува да поттикне нов бунт со лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ.
Иранската полиција, пак, издаде предупредување до граѓаните со деца поради тековните протести.
– Со оглед на присуството на терористички групи и вооружени лица на некои собири и нивните планови за предизвикување смртни случаи, ги советуваме семејствата да се грижат за своите деца и тинејџери. За да се заштитат животите и имотот на луѓето, во тек е бескомпромисна и решителна акција против терористите – се вели во соопштението.
Протестите во Иран траат од 28 декември поради зголемувањето на цените и влошувањето на животниот стандард, откако вредноста на националната валута падна на рекордно ниско ниво.

