Контакт

Свет

„Чхонан“ е потопен во време на подморнички вежби на САД и Јужна Кореја

Објавено пред

Ноќта кога севернокорејската мини-подморница наводно го торпедирала јужнокорејскиот патролен брод, САД и Јужна кореја одржувале заеднички противподморнички вежби само 120 километри подалеки, изјавиле американски воени извори за Associated Press

dobivaj vesti na viber

Ноќта пред потонувањето на „Чхонан“, два американски разорувачи и други бродови маневрирале и вежбале следење, додека една јужнокорејската подморница глумела цел. Американско-јужнокорејската вежба почнала во 22 часот на 25 март а завршила во 9 часот наутро на 26-ти март, изјавила портпаролката на американските сили во Јужна Кореја, полковник Џејн Кричтон. Вежбата била прекината поради експлозијата на  бродот „Чхонан“, во која 46 морнари загинаа. Бродот не бил вклучен во вежбите, туку се наоѓал во секојдневна рутинска патрола во близина на спорните води.Потопувањето на „Чхонан“ е најтешката воена загуба на Јужна Кореја од Корејската војна која траеше од 1950 до 1953 г. Инцидентот покажа дека и најсиромашните држави како што е Северна Кореја можат да нанесат тешки загуби на далеку подобро опремените и обучени сили, вклучувајќи ги и оние кои ја имаат американската воена поддршка. Американскиот минситер за одбрана Роберт Гејтс изјавил дека плановите за натамошната американско-јужнокорејска противподморничка вежба се запрени, додека се чека реакцијата на Соверот за безбедност при Обедиентите нации откао Сеул ја поднесе целосна документација од спроведената истрага, барајќи осуда и санкции за режимот во Пјонгјанг. Оваа одлука е донесена делумно и поради грижата дека Северна Кореја би можела да преземе уште некоја слична акција за да предизвика инцидент.Два месеца по потонувањето, американските службени лица првпат откриваат детали за заедничката морнаричка вежба одржана истот ден кога е нападнат „Чхонан“. Војните функционери рекле дека учесниците на вежбата не можеле да ја откријат севернокорејската подморница, бидејќи ваквите мини-подморници тешко се отркиваат и од најблискиот брод во плитките крајбрежни води.Следењето на подморниците инаку се одвива со активни или пасивни сонари, Пасивниот сонар користи микрофон за слушање на звуците од подморниците, додека активниот емитира звукови и ги ослушнува нивните одеци кои се одбиваат од објекти под водата. За AP, јужнокорејски морнарички офицер Ким Јунг-киу потврдил дека „Чхонанг“ имал вклучен активен сонар во времето на инцидентот, но не е јасно зашто не ја открил подморницата.Инаку веднаш по експлозијата, јужнокорејската команда испратила партолен брод да бара подморница. Но офицери рекле дека бродот не можел да најде ниедна подморница, можеби заради лошите временски услови, како и заради тоа што гребените во плитките води влијаат врз ефикасноста на соанрот ко пред се е наменет за рабтоа во длабоки води. Се верува дека Северна Кореја има флота од 70 подморници од кои 50-ина се мини-подморници кои можат да носат торпеда. Американските воени стручњаци се изненадени од тоа што 130-тонската мини0подморница без предурпедување можела да потопи воен брод десет пати поголем од неа, што претставува несразмерна сила што се нарекува асиметрично војување. Бродот „Чхонан“ со носивост 1.400 тони потона во близината на островот Баенгнијеинг во Жолтото Море, близу поморската граница меѓу двете Кореи по се уште неразјаснета експлозија. Воен извор соопшти дека бродот бил пробиен на крмата покрај пропелерот при што загинаа 46 јужнокорејски воени морнари од вкупно 104 членови на екипажот. Тогаш очевидци изјавуваа дека се слушнала силна експлозија. Неофицијални извори од Сеул уште првиот ден тврдеа дека експлозијата настанала од торпедо го пробило трупот на бродот на крмата во пределот на пропелерот.„За нас невидливост ја означува најновата технологија, милијарди долари вложени во истражување и развој на вооружувањето. Севернокорејската верзија на „невидливоста“ е подморница од старата школа на дизел-акумулаторски погон, која ги избегнува современите методи на откривање“, изјавил Џон Парк стручњак за Кореја во Американскиот центар за мир.Меѓународната истрага под јужнокорејско водство, заклучила дека минатиот месез доказите за потонување на бродот укажуваат ан одговрност на Северна Кореја која одрекува секаква инволивраност во инцидентот. Западните стручњаци повеќепати наведуваа дека се уште постои отворено прашањето што точно се случило во ноќта кај островот Баенгнијеонг. Како што наведува Associated Press, анонимен американски фунционер навел дека потопувањето можеби не бил намерен напад, туку постапка на некој непромислен командант, последица на незгода или вежба која лошо се одвивала.  Од друга страна, севернокорејските државни медиуми деновиве пренесуваа закани со војна од страна на раководството во Пјонгјанг доколку западните земји ја обвинат Северна Кореја за нападот и опреземат санкции кон неа. Во сабоата јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг-Бак се обдие да ја намали оапсноста и страхувањата од избувнување војна во Сингапур изјавувајќи дека нема никаква можност за избувнување на војна со широки размери на Корејскиот полуостров. Првиот судир во Жолтото Море меѓу двете морнарици по седум години се случи минатиот ноември, кога беа оштетени двата брода но немаше човечки жртви. На крајот од јануари годинава Северна и Јужна Кореја разменија артилериски оган долж спорната западна граница. Северна Кореја тогаш истрела неколку гранати од својот брег, на што веднаш возврати Јужна Кореја веднаш возвратила со оган од нејзината воена база на островот во близина на границата. На западната поморска граница последните десетина години се случуваат повеќе инциденти. Воените бродови на двете држави минатиот октомври, исто така имаа меѓусебна престрелка по седум години при што беа оштетени двата брода.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Туск: Полска е лојален сојузник на САД, но никогаш нема да биде вазал

Објавено пред

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека Полска е сигурен и лојален сојузник на САД, но дека никогаш нема да биде вазал, ниту на САД ниту на други земји.

dobivaj vesti na viber

„Советот за мир е многу иновативен, многу оригинален потфат, но не сите негови аспекти ѝ одговараат на Полска. И треба да можете да разговарате со вашиот најголем сојузник за тоа. Тие односи не можат да се темелат на тоа некој постојано да кимнува со главата и да се обидува да добие нешто со методот на ласкање. Бидејќи тоа не функционира“, рече Туск утрово пред да замине на неформалниот самит на Европската Унија.

Пристапувањето на Полска во Советот за мир на Трамп беше една од главните теми на Советот за национална безбедност на Полска вчера, каде што претседателот Карол Навроцки, кој е идеолошки близок до движењето MAGA, ја критикуваше владата за одбивање на поканата испратена од најважниот сојузник на Полска.

„Полска е верен, лојален, доверлив, предвидлив сојузник на САД и никој не треба да ме убедува во тоа. Тоа е надвор од дискусија. Секој што ги загрозува тие односи ги поткопува темелите на полската безбедност. Но, Полска во тој сојуз, барем додека сум премиер, нема да биде вазал. Лојален, доверлив, верен сојузник, но не и вазал“, рече денес Туск.

Премиерот додаде дека забележал оти понизноста кон САД не им користи на подлизурковците, а одбивањето на владата да ѝ дозволи на Полска да се приклучи на Мировниот совет, што е контроверзно за многу други земји, го нарече „претпазлив пристап“.

„Можеби околностите ќе се променат. Многу земји што се важни за нас имаат слични или други сомнежи, ние сме во добро друштво. Отворени сме за предлози, но тие мора да бидат безбедни за нашата земја и искрени“, рече Туск.

За време на шестчасовната седница, Националниот совет за безбедност ја разгледа новата европска програма за набавка на оружје и модернизација на воената индустрија – SAFE, каде што на Полска ѝ беа доделени дури 44 милијарди евра меки заеми.

Опозицијата и претседателот се вознемирени од фактот што програмата SAFE не предвидува купување американско оружје, додека премиерот Туск предупреди дека за време на владеењето на сега опозициската конзервативна партија „Право и правда“, која сега лобира за американско оружје, само една четвртина од расходите оделе во домашната полска воена индустрија, додека во владините проекти на Туск финансирани од програмата SAFE, 80 проценти од средствата ќе одат во полската воена индустрија и набавка на оружје.

Прикажи повеќе...

Регион

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

Објавено пред

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.

dobivaj vesti na viber

Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, објави европската комесарка за проширување Марта Кос.

Таа го кажа ова во интервју за телевизијата Н1.

На прашањето што конкретно може да направи Европската Унија (ЕУ) за да му помогне на регионот, како и на изјавата на новинарката на Н1 дека парите и предупредувањата не се доволни, дека може да се види дека ЕУ ја губи информациската војна во регионот, особено во Србија, а делумно и во Босна, и дека дипломатскиот јазик не помага, Кос рече дека не прифаќа „критики дека не сме успешни во проширувањето“.

„Две од четирите водечки земји се од Западен Балкан. Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, а Албанија е следна. Ова е успех. Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина, а тоа ќе донесе нова реалност во Европа. Ако го забрзаме процесот, ќе ги разгледаме сите кандидати, но мора да има јасна посветеност. Не е доволно само да се хармонизира законодавството, треба да ја почувствувам и видам политичката волја. Процесот на пристапување не е само технички, туку зависи и од земјите-членки“, рече Кос.

На прашањето што мисли за идејата сите земји-кандидатки да влезат во ЕУ одеднаш, Кос рече: „Да можев, би сакала сите земји, особено од Западен Балкан, да влезат заедно“.

„Но, јас не сум магионичар. Ако има промени, внимателно ќе ја разгледаме секоја земја. Проширувањето мора да ја направи ЕУ посилна, а не послаба. Ова е цел што мора да ја постигнеме заедно“, рече Кос.

Прикажи повеќе...

Свет

Фон дер Лајен го објави планот „Една Европа, еден пазар“

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека на следниот формален самит на Европската унија (ЕУ) во март, ќе го претстави акциониот план „Една Европа, еден пазар“, со детални рокови и цели за зајакнување и обединување на европската економија, додека во исто време оцени дека Европскиот систем за трговија со емисии (ETS) има јасни предности и механизми за контрола на цената на јаглеродот.

dobivaj vesti na viber

Според Јуроњуз, Фон дер Лајен на прес-конференцијата по самитот на лидерите на ЕУ изјави дека акциониот план содржи пет клучни области – административно поедноставување, единствен пазар, енергија, дигитализација и трговија.

Во март, комисијата ќе претстави детален план за понатамошен развој на единствениот пазар од 450 милиони потрошувачи, вклучително и унија на пазарот на капитал што би овозможила попродуктивно користење на околу 10 трилиони евра заштеди што моментално се наоѓаат на банкарски сметки, објави Ројтерс.

Зборувајќи за ETS, претседателката на ЕК нагласи дека системот има елементи што овозможуваат модулација на цената на јаглеродот во случај на негов прекумерен раст или неповолни економски околности, преку таканаречената „резерва за стабилност на пазарот“.

Додаде дека ЕУ детално ќе ги разгледа овие елементи во рамките на планираниот преглед на ETS, кој е закажан за третиот квартал од оваа година, за системот да остане ефикасен и прилагодлив на актуелните економски и климатски предизвици.

Европските лидери се состанаа денес на неформален самит во белгиската покраина Лимбург, а фокусот на разговорот беше конкурентноста на европската економија, пренесува Танјуг. Еден ден претходно, на индустрискиот самит во Антверпен, претставниците на европската индустрија ги презентираа своите приоритети пред највисоките претставници на ЕУ, барајќи пониски цени на енергијата, намалување на регулаторните оптоварувања и посилна конкурентност во споредба со Кина и Соединетите Американски Држави.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија7 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет9 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија12 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија15 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија15 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија16 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија16 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија17 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ18 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа20 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет20 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа21 час

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа21 час

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион21 час

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет21 час

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија2 дена

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија2 дена

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија2 дена

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...