Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Мазнева е личен став
ВМРО-ДПМНЕ не би била демократска партија, ако на своите пратеници не им дозволи различно мислење од партиското, коментираат денеска од владејачката партија, по вчерашната изјава на пратеничката Косана Николиќ-Мазнева, која рече дека хартијата на пратениците од ДУИ им служи
ВМРО-ДПМНЕ не би била демократска партија, ако на своите пратеници не им дозволи различно мислење од партиското, коментираат денеска од владејачката партија, по вчерашната изјава на пратеничката Косана Николиќ-Мазнева, која рече дека хартијата на пратениците од ДУИ им служи како калашников.„ВМРО-ДПМНЕ е голема и демократска партија и не е прв пат да се случи нејзин пратеник да има различно мислење од партиските ставови, а изјавата на Мазнева е личен став“, велат од владејачката партија.Оттаму се уште не анализирале каков став ќе заземат по изјавата на нивната пратеничка Мазнева, која рече дека „Македонија го толерираше налетот на омраза која секојдневно искреше од нивното перо, кои хартијата ја доживуваа како калашников, а мастилото како муниција со која треба да се покоси на земја се што е национално и прогресивно, се што е македонско“, коментирајќи ја колумната на нејзината колешка од ДУИ, Теута Арифи, и изјавата на Ермира Мехмети, .Со овие остри изјави и коментари од двете партии во коалицијата на власт, функционирањето на коалицијата „веројатно нема да биде нарушено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според ВМРО-ДПМНЕ, нема да постигнат ништо доколку се оградат од изјавата на пратеничката Мазнева, затоа што тоа бил нејзин личен став.Од другата страна, пак, ДУИ тврди дека коалицијата функционира и се надеваат дека во наредниот период ќе бидат успешни.За ВМРО-ДПМНЕ изјавите и колумните на пратеничките не се намерно пратени пораки од двете партии преку поединци за да се зачува интегритетот на коалицијата, ниту, пак, се најава за предвремени избори./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

