Македонија
Црвенковски бара референдум за центарот на Скопје
Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ побара граѓаните на референдум да одлучат како ќе изгледа центарот на градот.
Црвенковски ова го побара по вчерашната презентација на проектот Скопје 2014 со кој е предвидено изградба на црква и поставување на споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија.
„Господине Груевски, ова е прашање на идентитетот! Затоа, распишете референдум! Прашајте ги граѓаните! Нивната одлука ќе ја почитуваме и ние, а ќе морате и Вие!“, му се обрати Црвенковски на прмеиерот Никола Груевски.
Со проектот освен црквата Св. Константин и Елена. Предвидено е изградба и на фонтана во центарот на плоштадот предвидена изградба на зграда на градската администрација, во која покрај градоначалникот и администрацијата на Град Скопје, ќе има Сала за венчавање. Предвидено е поставување на споменици на Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први. До Камениот мост на големи постаменти ќе се најдат спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев.
На левата страна од Вардар е предвидена изградбата на Стариот театар, Музејот на Македонската борба, Македонска филхармонија, Министерство за Надворешни работи, колонада Независна Македонија и зграда во која ќе бидат сместени Уставниот Суд, Државниот Архив и Археолошкиот Музеј, Агенција за електронски комуникации. Голем дел од овие институции досега работеа во изнајмени простории.Црвенковски проектот го смета, како што рече, за кичерајска политика.
Тој ја критикуваше владината политика за изградба на нови објекти и поставување на споменици во време на економска криза и дека со потрошените пари за овој проект можеле да се изградат болници, училишта и нови фабрики.
„Во ситуација на сеопшта сиромаштија и економско пропаѓање да се донесе одлука да се трошат стотици милиони евра народни пари за задоволување на лични хирови и фрустрации, на фараонски проекти и наметнување на сопствениот не вкус како нов културен, урбан и национален идентитет на цел еден народ и цела една држава не може секој. Или поточно речено не може никој освен Груевски“, рече Црвенковски.
Со барањето за референдум лидерот на опозицискиот фронт застана на страната невладината Прва Архи бригада и Плоштад Слобода, која што исто така инсистира на граѓанско изјаснување за изгледот на Центраот на градот. Од невладината органзиација денеска излегоа со повик за спонтан собир против проектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали“, велат од Левица
„Политиката на едностраното „Стратешкото партнерство“, интерпретирано преку вазалски однос кон САД, резултираше со нов шамар за слугите на империјата, реализиран преку запирање на постапката за имигрантски визи кон Македонија“, велат од Левица.
„Илузијата создавана пред граѓаните, за уживање на некаква поддршка кај т.н „стратешки партнер“, наиде на уште еден удар со суровата реалност. Најголем успех во надворешната политика на политичарите на власт, а и Владата во целост остана фотографиите од трибини или со политичари од шести ешалон на САД, кои немаат никакво влијание на односите помеѓу двете земји.
Потсетуваме дека на оваа одлука на американската администрација и претходеше воведувањето трговски маржи и царини за Македонија, по што во немоќ и коленичење, Владата на Мицкоски донесе одлука за целосно укинување на царините кон САД.
Отстапувањето од децениските позиции на државата, проследени со гласањето против укинувањето на санкциите кон Куба, поддршката на американските резолуции за Украина и поддршка на империјалистичките апетити и интервенции, како последната во Венецуела, само го руши угледот и ги загрозува позициите на Македонија во надворешната политика, без притоа да има апсолутно никаков импакт.
Мицкоски и Муцунски не можат да научат дека вазалскиот однос кон САД не е и не може да биде „стратешко партнерство“.
Ова уште еднаш докажа дека кусогледоста на власта и дипломатскиот аматеризам ја воведоа Македонија во стратешки ќор сокак. Алтернативи за развој на државата надвор од уздите на западниот неоимперијализам постојат. Но, за тоа е потребна промена на надворешно-политичкиот курс и отворање кон перспективите што ги нуди остатокот од светот, политика за која актуелната власт очигледно нема капацитети“, соопштуваат од Левица.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво

