Свет
УНЕСКО бара ограничување на пловидбата низ Венеција
Претставниците на огранизацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), по несреќата на италијанскиот туристички крстотсувач „Коста Конкордија“ во близина на брегот на Италија, апелираше до владата во Рим да се ограничи пловидбата на големи бродови низ центарот на Венеција,
Претставниците на огранизацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), по несреќата на италијанскиот туристички крстотсувач „Коста Конкордија“ во близина на брегот на Италија, апелираше до владата во Рим да се ограничи пловидбата на големи бродови низ центарот на Венеција, се вели во соопштението поставено на интернет страницата на УНЕСКО.„Трагедијата на (на крстосувачот „Коста Конкордија“ од ноќта на 14 јануари) ја засили долгогодишната загриженост во врска со опасностите коишто ги претставуваат големите туристички бродови за светско културно наследство, вклучително и за Венециската лагуна и заливот Сан Марко“, се вели во писмото на директорот на Центарот за светско културно наследство на УНЕСКО, Франческо Бандарин, упатено до министерот за животна средина на Италија, Корадо Клини. Како што се додава во текстот објавен на интернет страницата на светската организација, писмот е испратено по препорака и во име на генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова.Во близина на познатиот венецијански плоштад Сан Марко и по водите на лагуната годишно пловат околу 300 големи туристички бродови. Според експертите на УНЕСКО, ваквиот интензитет на сообраќај е погубен за кревката инфраструктура на градот. Пловилата предизвикаат високи бранови коишто ги еродираа темелите на древните згради, а исто така придонесуваат и за загадување на животната средина. Покрај тоа, гигантските бродови имаат негативно влијание и врз урбаниот пејзаж, визуелно го нагрдуваат впечатокот од историските и културни споменици на Венеција.Во своето писмо, Бандарин ја повика италијанската влада за што поскорешен развојот на алтернативните начини на водниот сообраќај во близина на Венеција. Тој, исто така, изрази сочувство до италијанските власти во врска со трагичната смрт на патниците од заринканиот брод „ Коста Конкордија“, притоа истакнувајќи ја ефикасноста на службите за итни случаи, во спречувањето на на морските води во близина на брегот на Италија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

