Економија
Објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави последниот за годинава јавен оглас за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари
Огласот се однесува на вкупно 7.662 хектари, од кои во Прилеп 7.617, во Охрид 22 и во Кичево 23.Податоците за земјоделско земјиште се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци може да се направи на огласна табла во подрачната единица во Министерството, надлежна за соодветната огласена површина. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, рибници за период до 20 години, спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.Право да учествуваат на огласот имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица, пак, треба да имаат регистрирано подружници во Република Македонија.Услов е, исто така, нн домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности.Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, ниту правните лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.Образецот за учество на јавниот оглас (барањето) со листа на објавени катастарски парцели може да се подигне во подрачните единици на Министерството и мора да се пополни и да се достави со потребната документација во затворен коверт. Во спротивно, нема да биде разгледувано.Понудите што не ја содржат потребната документација, кои се поднесени по истекот на рокот или од лице кое нема право да доставува, како и понудите кои не се изработени според условите утврдени во јавниот оглас, нема да бидат разгледувани.Годинава беа објавени вкупно 11 огласи за давање под закуп државно земјоделско земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

