Македонија
Турција и донираше противпожарна опрема на Македонија
Донацијата од две теренски возила и опрема за гаснење на шумски пожари во вредност од околу 300.000 долари денеска на Македонија и подари Турската Администрација за Развој и Соработка –ТИКА.
Донацијата од две теренски возила и опрема за гаснење на шумски пожари во вредност од околу 300.000 долари денеска на Македонија и подари Турската Администрација за Развој и Соработка –ТИКА.
Турската донација се состои од две специјализирани возила за брза интервенција при шумски пожари, како и најсоовремена опрема за 20 пожарникари.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски примајќи ја донацијата изрази голема благодарност до турскиот народ.
„Оваа донација за нас е од особено значење бидејќи се работи за опрема која одговара за нашите шумски, тешко достапни планински терени“, рече Димовски.
Турскиот амбасадор во Македонија, господин Арслан Хакан Окчал изрази надеж дека донираната опрема нема да има потреба да се употребува, но нагласи дека е добро таа да се поседува, особено во летните месеци.
„Македонија секогаш ја сметаме за пријателска држава. Нашите народи со векови живееле заедно и делеле една иста култура и навистина се пријателски поврзани, рече Окчал.Тој повтрори дека Турција го поддржува влезот на Македонија во НАТО и ЕУ /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Среде грејна сезона во РЕК Битола не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи
Со ДПМНЕ на власт Рударско енергентскиот комбинат Битола, не е повеќе рударски. Средe грејна сезона во РЕК Битола не се копа јаглен од рудникот Суводол со денови. Додека ДПМНЕ беше во опозиција категорично тврдеа дека нема да има скап увоз на јаглен, односно ќе работат само со домашен јаглен. Спротивно на тоа, веќе со денови не се копа јаглен, велат од СДСМ.
„Мицкоски изјавуваше дека од 15 ноември 2024 ќе има откривка на јаглен од милион тони но, спротивно на тоа Багерот КУ 300 кој е главен во ископот на јаглен неколку дена не работи. Багерот бил во подрачје каде што нема можност да ископува јаглен (ставен во кал) поради незнаење или намерно саботирање, а и настанал дефект на клучен мотор“, велат од партијата и додаваат:
„Изјавите дека вчера го исклучиле Блок заради воден јаглен се приказни за мали деца и воопшто не се точни. Вчера беше исклучен Блок бидејќи нема јаглен и тоа е вистинската причина. На депонијата за јаглен има само 40 илјади тони што е доволно само за два дена ако работат сите три блока, па сега лесно може да се заклучи зошто работи само со еден блок во РЕК.Енергетскиот систем е клекнат на колена. Срамно и тажно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола“.
Македонија
Губитничките партии на Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, велат од ДУИ
„Губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето“, велат од ДУИ.
„Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси.
Толку многу се заробени од ВМРО-ДПМНЕ, што веќе почнаа и да личат на нив – бавејќи се со клевети и пропаганда за минатото, бидејќи немаат никакви резултати да покажат во сегашноста.
ДУИ нема да ја игра улогата на обвинителство за да им одговара на нивните игри на ист начин, но сме загрижени и не можеме да молчиме за деградацијата на албанското претставување во само седум месеци, со што се предизвикаа штети што ќе бидат тешки за поправка со години.
Албанците заслужуваат достоинствено претставување, а не фигури кои служат како декор на власт што ги игнорира и ги користи за туѓи интереси“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Веб-страницата на СДС, исто како и неговата политика, е преполна со вируси на омраза и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? Каде се проектите кои ги ветуваа? Дали омразата која ја шират е сè што останало од нивната некогашна визија?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци покажа дека е посветена на реформите, економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард. Пензиите се зголемени, платите се зголемуваат, оточнуваат нови инвестиции, се отвораат нови патишта, се реализираат проекти за нови работни места, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се подобрува со мерките кои ги имплементираме.
Наместо со вируси и омраза, нашата работа е да ги лекуваме последиците од нивната неспособност и да создадеме подобра иднина за секој граѓанин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.