Македонија
Ахмети бара брзо решавање на спорот со Грција

Претседателот на ДУИ Али Ахмети го предупреди лидерот на коалициониот партнер ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски дека секое доцнење на влезот во НАТО
Претседателот на ДУИ Али Ахмети го предупреди лидерот на коалициониот партнер ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски дека секое доцнење на влезот во НАТО може да предизвика несигурност кај граѓаните.
Ахмети, во изјава денеска за телевизијата Алсат-М, нагласи дека треба да се забрза процесот на решавањето на спорот со Грција околу името.
„Треба да се изнајде решение особено за спорот со Грција околу името, бидејќи тоа предизвикува задоцнување за членството на Македонија во НАТО и секое задоцнување за Македонија секако дека предизвикува несигурност кај граѓаните. Тоа предизвикува несигурност и кај странските инвеститори“, изјави Ахмети.
„Ние сме земја која има потреба за инвестиции, бидејќи се соочуваме со голема невработеност. Воедно треба да се дадат јасни пораки дека не сме заинтересирани земјава да доживее дополнителна криза, граѓаните немаат потреба за такво нешто. Треба да создадеме услови и околности за да живееме во добро соседство, се надевам дека треба да се забрза оваа ситуација што побрзо и да се изнајде решение и што поскоро да станеме дел од НАТО и што поскоро да започнат преговорите за членство на Македонија во Европската Унија”, додаде лидерот на владеачката ДУИ.
Ахмети коментирајќи го владиниот проект за изградбата на црква на скопскиот плоштад изјави дека е нормално една реакција да предизвика друга реакција.
Според него во Македонија нема потреба да се предизвикуваат меѓуверски судири и затоа властите треба да бидат многу внимателни за ваквите прашања./крај/алсат/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) До 13 часот гласале 20,12 отсто од избирачите

До 13 часот од добиени информации од 3.207 избирачки места од 1. 666. 298 запишани гласачи, гласале 335.244 или 20,12 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Богданци, Вевчани, Градско, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Кратово, Крива Паланка, Лозово, Новаци, Ранковци и Чашка.
Најмала излезеност досега има во Босилово, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Дебар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуше, Пласница, Радовиш, Струга и Шуто Оризари.
До 13 часот во Град Скопје гласале 20,07 отсто од избирачите. За споредба, на локалните избори во 2021 до 13 часот гласале 20, 76 отсто од гласачите.
До моментот на одржување на прес- конференцијата, до ДИК нема никакви дојави за неправилности и нерегуларности.
Македонија
Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство.
„Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело“, се наведува во соопштението.
Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село и извршен е разговор. Известена е Државната изборна комисија да го замени материјалот, но нема елементи на кривично дело.
Во текот на вчерашниот ден, поединечни настани со наводи за изборен поткуп се евидентирани во ОЈО Велес, ОЈО Прилеп, ОЈО Крива Паланка и ОЈО Свети Николе. Во сите нив се преземаат дејствија по насоки на јавен обвинител за испитување на наводите.
Има неколку информации и во однос на настани со елементи на прекршување на изборниот молк, но до овој момент вкупно евидентирани се многу мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело, па со оглед на тоа изборниот процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување.
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес, а електронската адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите.
И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а обвинителството тесно се координира и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.
Од Обвинителството наведуваат дека сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства.
Македонија
(Видео) До 11 часот и 15 минути гласале 9,38 проценти од избирачите

До ДИК, до 11 часот и 15 минути не се пристигнати информации за евентуални проблеми со кои би се соочувале избирачките одбори на терен или некои поголеми непријатности, известија од Државната изборна комисија.
До 11 часот и 15 минути пристигнати се податоци за одѕивот на граѓаните на Локалните избори од 3139 избирачки места, од вкупно запишани 1 645 583 гласачи, на овие избирачки места гласале 154 275 односно 9,38 проценти, соопштија од ДИК.
Овој изборен процес го набљудуваат 1484 набљудувачи, од кои 807 домашни, 640 меѓународни и 14 странски новинари.
Најголем одѕзив има во Берово, Богданци, Бутел, Вевчани, Виница, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Зелениково, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Новаци, Пробиштип, Ранковци и Чашка.
Најмал одѕив има во Сопиште, Центар Жупа, Боговиње и Врапчиште.