Македонија
Бичиклиски:СДСМ подготвува сценарио за алиби за поразот

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објави уште три документи, со кои, како што рече портпаролот Александар Бичиклиски, СДСМ подготвува сценарио за алиби за поразот.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објави уште три документи, со кои, како што рече портпаролот Александар Бичиклиски, СДСМ подготвува сценарио за алиби за поразот. „СДСМ има комплетен план за правење на изборни насилства за кои ќе бидат задолжени на секое избирачко место по пет најсилни лица од нивните редови. Според документацијата со која располагаме, постои и план за правно застапување на насилниците кои ќе прават безредија, односно план за попречување на правдата“, рече Бичиклиски. Тој додаде дека првиот документ е потсетување до општинските организации на СДСМ да го забрзаат доставувањето на по пет најсилни членови. „Овој документ е испратен од Централниот правен комитет на СДСМ со одговорно лице Виктор Цветковски, попознат како човекот за контакт на Пристоп со Министерството за правда и човек кој дозволи двете агенции на Герасим Андоновски од Пристоп да се натпреваруваат меѓусебно на ист тендер. Е сега овој човек Виктор Цветановски и Андреј Петров регрутираат насилници за изборите“, рече Бичиклиски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ покажа и партиска депеша од централата на СДСМ до нивните општински организации во кој се бара до централата на СДСМ да се достават податоци за адвокати од местото кое го покрива локалната организација и истите да бидат ангажирани за да се вадат од лицето на правдата членовите на СДСМ што ќе прават инциденти. Бичиклиски како трет документ ја посочи напомената испратена до шефовите на изборните штабови, со која се бара акцијата за изнаоѓање на пет најсилни членови на СДСМ да премине во техничка реализација. „Шемата на Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска и Андреј Петров за создавање на алиби за претстојниот пораз е јасна, да се ангажираат по пет најсилни лица, кои на избирачките места ќе треба да прават инциденти за да ги оцрнат изборите, потоа истите лица со помош на адвокати да ја избегнуваат правдата, за на крај Кондарко да излезе и да ги напушти изборните дејствија“, рече Бичиклиски и додаде дека ваквите дејствија ќе бидат спречени. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.