Свет
Судири на полицијата и опозицијата во Иран

Иранската полиција употребила солзавец обидувајќи се да ги растера демонстрантите кои во сабота на прослава на верскиот шиитски празник Ашура се обиделе да ги обновата масовните протести против државниот врв, објавила интернет страница на иранската опозиција
Полицијата се судрила со демонстрантите на плоштадот „Имам Хусеин“, но луѓето продолжуваат да даваат отпор и извикуваат пароли против владата, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на информации од интернет страници кои ги користи иранската опозиција за контакт со светот. Иранските власти го забранија известувањето на странските репортери и уште во јуни по големите опозициски протести против резиборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад затворија повеќе дописништва. Па така сите информации засега немаат независни потврдувања.На информативната интернет страница Џарасу е објавено дека протестите се шират и во другите делови од иранскиот главен град.По јуни политичките тензии во Иран повторно пораснаа минатата сабота по смртта на еден од најголемите ирански дисиденти, ајатолахот Хосеин Али Монтазери.Кулминацијата на верскиот шиитски празник Ашура е во недела (27-ми декември), а се совпаѓа со седумдневната жалост по ајатолахот Монатзери. Според информации од Иран опозицијата се подготвува токму на него да ја покаже својата моќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ги изгубивме Индија и Русија поради најмрачната Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го коментираше зближувањето на Индија и Русија со Кина, што беше демонстрирано на неодамнешниот самит во Тинџин, Кина.
„Изгледа дека ги изгубивме Индија и Русија од најтемната, најцрната Кина“, рече Трамп на својата мрежа Truth Social, заедно со фотографија од рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Шји Џјинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди, направена на самитот на Шангајската организација за соработка во Тинџин претходно оваа недела.
„Нека имаат долга и просперитетна иднина заедно“, напиша тој во објавата, очигледно иронично.
Медиумите потсетуваат дека Трамп претходно го нарече самитот во Кина заговор против САД. Рускиот претседател Владимир Путин одговори дека „Трамп има добро чувство за хумор“.
За време на самитот, Шји Џјинпинг повика на воспоставување нов мултиполарен светски поредок што ќе ја предизвика американската демократија како водечка сила во глобалните прашања. Таквиот поредок, според него, би го вратил светот во состојба во која суперсилите ги контролираат своите сфери на влијание.
Фото: принтскрин
Свет
Полскиот претседател по средбата со Трамп: „Почувствував промена кај него“

Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека забележал промена на мислењето кај Доналд Трамп во врска со Владимир Путин, објави polsatnews.pl.
Сумирајќи го разговорот, Навроцки ја нагласи важноста на изјавите за безбедноста, но и повикот за самит на Г20 и дискусијата за увоз на американски гас со цел Полска да стане независна од руските извори на енергија.
Една од клучните цели на посетата беше да се обезбеди понатамошно американско воено присуство во Полска.
„Патував со надеж дека ќе можам да постигнам ниво на разговори на кое присуството на американски војници во Полска ќе се зголеми, а нема да се намали. И успеав во тоа“, рече Навроцки додавајќи дека се согласиле оти во иднина треба да размислуваме и за проширување на ова присуство.
На прашањето дали станува збор за проектот Fort Trump, кој вклучува постојана база на американските сили во Полска, претседателот одговори потврдно.
„Целата оваа дискусија се врти околу проекти што директно потсетуваат на Fort Trump. Имам голема надеж дека ќе се вратиме на оваа идеја“, рече тој. Нагласи дека е прерано за детали, но дека целта е да се создаде простор за американски инвестиции и економска и технолошка соработка.
Навроцки рече дека забележал промена во ставот на Трамп кон рускиот лидер.
„Мислам дека ја зајакнав промената на Трамп во перцепцијата за Владимир Путин. Ги споделив моите ставови за Руската Федерација со американскиот претседател“, рече тој.
Навроцки верува дека Трамп е „единствената личност во светот што е способна да преговара со Владимир Путин и да донесе мир“ и дека треба да биде поддржан во овие напори.
„Можам да кажам дека Доналд Трамп е лидер што знае да слуша. Ова е охрабрувачко и исклучително важно бидејќи зборуваме за претседателот на најголемата светска сила, кој знае да слуша, поставува прашања, сака да знае и е отворен за аргументите на другите“, рече Навроцки.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

Украинските беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти синоќа вклучувајќи ја најголемата рафинерија на „Роснефт“ во Рјазан и складиште за нафта во окупираниот регион Луганск. Веста ја потврди Роберт (Мадијар) Бровди, командант на украинските беспилотни сили, објави „Киев индепендент“.
„Бензинот (во Русија) е при крај, а гасот и нафтата бргу исчезнуваат“, напиша Бровди на социјалните медиуми.
💥 Drones hit a refinery in Russia’s Ryazan, setting it ablaze. Ukraine confirms strikes on both the Ryazan refinery & an oil depot in occupied Luhansk. #MakeRussiaPay pic.twitter.com/PaSlQskXGq
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) September 5, 2025
Жителите на Рјазан, град на 180 километри југоисточно од Москва, им ги пријавија на руските медиуми експлозиите околу 2 часот наутро, проследени со голем пожар што го осветли ноќното небо. Фотографиите и видеата што бргу се проширија на интернет покажаа густ црн чад што се издига од рафинеријата на јужните периферии на градот.
Објектот, со капацитет од 13,8 милиони тони годишно, веќе беше цел на украински беспилотни летала на 2 август кога две од неговите три главни единици беа принудени да се затворат.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 5, 2025
Регионалниот гувернер Павел Малков изјави дека осум дрона биле соборени, а остатоците паднале врз индустриската зона тврдејќи дека немало жртви или штети на станбени згради. Тој не коментира директно за извештаите за пожарот во рафинеријата.
Во меѓувреме, во окупираниот регион Луганск локалните жители пријавија дека виделе црн чад доцна во четвртокот вечерта. Мадјар потврди дека украинските беспилотни летала погодиле складиште за нафта во регионот, иако обемот на штетата сè уште не е познат.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило вкупно 92 украински беспилотни летала.
фото: принтскрин