Македонија
??????? ?????????? ?? ??????? ????? „?????? ????“
На кејот од левата страна на реката Вардар, на просторот помеѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камениoт мост, денеска започна изградбата на втората градска плажа, која градот ќе го чини околу девет милиони денари.
На кејот од левата страна на реката Вардар, на просторот помеѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камениot мост, денеска започна изградбата на втората градска плажа, која градот ќе го чини околу девет милиони денари.Плажата ќе зафаќа површина од 1.775 метри квадратни, на која ќе биде поставена урбана опрема, дрвена платформа, 20 маси, 80 столови и 80 лежалки и ќе наликува на првата плажа која беше отворена минатото лето. Предвидени се четири шанка, детско катче, киосци, бина за одржување манифестации, тушеви, соблекувални и ознаки за забрана за капење. Од градот информираат дека со четирите шанка на оваа плажа ќе стопанисува здружението на угостители „Градска плажа 2“, кое, како и здружението на угостители на првата градска плажа ќе плаќаат закуп на просторот дневно од пет денари за квадратен метар, за површина од 500 метри квадратни.„Градот Скопје имаше јавен оглас за изнајмување на киосците. Баравме да има здружение од четири субјекти. За разлика од минатата година, тие ќе плаќаат одреден надоместок што беше предвиден во јавниот оглас“ – рече градоначалникот Коце ТрајановскиПодлогата на плажата ќе биде направена од ситен песок донесен од рудникот Бањани, бидејќи минатата година, според градоначалникот се појавиле бројни проблеми при донесувањето на морскиот песок од Албанија за првата градска плажа.„Видовме дека песокот кој што беше од рудникот Бањани кој што е на одбојкарското игралиште е со многу слични карактеристики и одговара за градската плажа и е веќе проверен во однос на временските услови – рече Трајановски.Дел од оваа плажа ќе биде наменет и за одбојкарско игралиште со димензии според пропишаните стандарди кое ќе го осветлуваат осум рефлектори.Пристапот до плажата е обезбеден од кај Камениот мост и од мостот Гоце Делчев, а за лицата со посебни потреби ќе се изгради и рампа.Плажата ќе работи од 10 до 24 часот и граѓаните ќе можат да ја користат бесплатно.Градежните работи ги изведува фирмата „Алкон“. И покрај тоа што рокот за изградба е до 15 мај, се очекува да биде завршена околу 1 мај. На крајот на плажата кон мостот Гоце Делчев се планира изградба на сплавови, за што веќе е направена инфраструктурата. „Ова е една од најдобрите локации за градска плажа, бидејќи е помеѓу двата моста и спроти плоштадот и мислам дека нема да пречат градежните работи од околните објекти. Го поминавме тестот минатата година и мислам дека Скопјани имаат желба за одење на плажа“ – вели Трајановски.Спред Трајановски првата плажа имаше дополнителни работи кои беа дефинирани со анекси и затоа чини повеќе од втората. „Искуството од претходната година не доведе до тоа цената да биде реална и да не одиме со анекси туку сето тоа да биде уредено во рамките на тендерот со договор“ – вели Трајановски.Трајановски не очекува оваа година да биде пуштено во употреба езерото Треска бидејќи дополнително ќе се испитуваат подземните води. „Тоа езеро има несудена судбина. Моите сознанија се дека не биле исполнети предусловите уште кога било направено. Сега го празниме и чистиме и треба да донесеме вода во езерото од втора категорија или да се вади вода со бушотини“ – додаде Трајановски. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

