Регион
Се очекува пресудата за Воислав Шешељ
Хашкиот трибунал, во четврток, четири години по завршувањето на судењето, ќе ја изрече првостепената пресуда за лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ.
Тој се товари дека со говор на омраза поттикнувал и поддржувал воени злосторства во Хрватска и во Босна и Херцеговина, за време на воените судири.Обвинителството во завршниот збор, му предложи на судот на Шешељ да му одреди казна затвор од 28 години. Лидерот на радикалите, во притвор помина речиси 12 години, од февруари 2003 година, кога доброволно се предаде и замина во Хаг, до ноември 2014 година, кога е пуштен да се брани од слобода поради лошата здравствена состојба.Хашкиот трибунал, бараше од Србија повторно да го уапси и да го испорача Шешељ, но тоа не е направено. Тој нема да присуствува на изрекувањето на пресудата, а како што најави, нема ни да следи преку видео линк, затоа што е во „кампања“ и „има попаметна работа“.Минатонеделната пресуда на Радован Караџиќ на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница, убиства, прогон и друго, сосема сигурно ќе влијае на пресудата за Воислав Шешељ и на онаа за Ратко Младиќ. Судскиот совет во образложението на пресудата повеќепати наведуваше дека тие тројца заедно делувале и дека постоел заеднички план муслиманите и Хрватите да се отстранат од територијата на босанските Срби.Се очекува на крајот на изрекувањето на пресудата, претседателот Жан Колод Антонети да соопшти дали Шешељ останува на привремена слобода во Белград или се бара негово враќање во Шевенинген.Обвинителите на судењето тврдеа дека ја докажале неговата вина по сите девет точки од обвинението и бараа да биде осуден на 28 години затвор.Телевизиските преноси на судењето на Шешељ беа доста гледани во Србија, но со време тоа сопираше, но беше невообичаено што Шешељ успеа да го убеди трибуналот сам да се брани од најтешките обвиненија.Од друга страна, неговиот случај е невообичаен и поради времето кое го помина во притвор, каде по 12 години судење, и потоа по пуштањето на слобода, не беше донесена првостепена пресуда, а таа се изрекува дури денеска./крај/б/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.
Регион
Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер
Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.
Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.
Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.
„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.
„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“
Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.
Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.
Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

