Контакт

Вести

Пјонгјанг истрела две балистички ракети, осуди од САД и Јапонија

Објавено пред

Северна Кореја истрела во средата две балистички ракети, а едната од нив експлодирала веднаш по лансирањето, објави американската стратешка команда.

dobivaj vesti na viber

Втората ракета паднала во водените пред севернокорејскиот источен брег, а според јапонскиот премиер Шинзо Абе, паднала во територијата на јапонската Ексклузивна економска зона.

Абе ова лансирање го нарече „невидено дело и голема закана за националната безбедност на земјата“. „Тоа е јасно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации. Врачивме силен протест на Северна Кореја“, раче јапонскиот премиер за новинарите.

Станува збор за балистички ракети од среден дострел од типот „Редонг“ кои се лансирани истовремено од местото во близина ан северокорејскиот град Хвангџу, јави јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на јужнокорејски функционер. Овие ракети прелетуваат околу 1.000 километри оддалеченост.

Американскиот Стејт департмент соопшти во средата дека има извештај за севернокорејско лансирање на ракета, истакнувајќи дека силно ги осудува најновите лансирања кои ги извела оваа изолирана комунистичка земја,

„Подготвени сме да работиме со нашите сојузници и партнери ширум светот за да одговориме на провокациите на Северна Кореја, и исто така да се одбраниме себеси и своите сојузници од каков и да е напад или провокација“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Џулија Мејсон.

Ракетата којашто рано во средата ја лансирала Северна Кореја, а заврши во или близина на прогласените јапонски води, е „јасен знак дека Северна Кореја има амбиции да ги нападне соседните земји“, изјавил функционер на јужнокорејскиот здружен штаба на армијата.

Во јули Јужна Кореја договорија да распоредат напреден ракетен систем во јунокорејскиот округ Сенгџу, за да одговорат на заканите од Пјонгјанг во развојот на балистичките ракети. Распоредувањето на THAAD (Terminal High Altitude Area Defence), кој се смета за еден од најнапредните во светот, е предвидено за крајот од 2017 година.

Системот THAAD истрелува ракети кои се дизајнирани да пресретнат и уништат балистички проектили додека се уште надвор од атмосферата или само што влегле во неа, во текот на последната фаза од нивниот лет.

Русија уште во февруари предупреди на многу веројатно трка во вооружување на Корејскиот полуостров доколку САД го распоредат антиракетниот штит THAAD.

Кина кон средината на јули ги повика САД и Јужна Кореја да ги изменат својот курс во однос на разместувањето на системот за противракетна одбрана THAAD на територијата на Јужна Кореја. Распоредувањето на системот THAAD ќе го наруши стратешкиот баланс во регионот, според Пекинг, кој предупредува дека доколку овој антиракетен систем биде поставен Кина „ќе примени соодветни мерки“.

„Поглобално, таа мерка би можела да го зајакне разорното влијание на американскиот глобален систем за противракетна одбрана врз меѓународната безбедност и стабилност“, оцени тогаш руската дипломатија.

Во својата реакција на февраурското лансирање на балистичкиот проектил со сателит, Москва истакна дека Пјонгјанг не ги послушал повиците на меѓународната заедница, уште еднаш демонстрирајќи пркосно непочитување на меѓународното право, но индиректно предупреди дека таквите севернокорејски активности ќе бидат во полза на политиките на САД во регионот.

„Очигледно дека таквите активности ќе доведат до сериозно влошување на ситуацијата на Корејскиот полуостров и во североисточна Азија во целина, одејќи им на рака на оние кои се фокусираат на политиката на блокови и на зголемување на воените конфронтации, нанесувајќи им сериозни штети на безбедноста на земјите во регионот, во прв ред на самата Северна Кореја“, беше истакнато во соопштението објавено на официјалната страница на руското министерство за надворешни работи./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ29 минути

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Топ41 минута

Се преврте возило со македонски регистарски таблички, загина сопатникот: тешка сообраќајна незгода во Србија

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово. Како што објави српски „Блиц“,...

Македонија1 час

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година. Според...

Регион1 час

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа3 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион4 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија4 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија4 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ15 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија16 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија17 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија18 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија20 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија22 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ23 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ24 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион1 ден

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа1 ден

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа1 ден

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...