Македонија
Левиот крак на Врело завршува на 165 метри?
Спелеонуркачот Луиџи Касати денеска стигна до длабочина од 165 метри во левиот крак на пештерата Врело на Матка, каде се претпоставува дека е и крајот на кракот.
Спелеонуркачот Луиџи Касати денеска стигна до длабочина од 165 метри во левиот крак на пештерата Врело на Матка, каде се претпоставува дека е и крајот на кракот.
Касати на 160 метри длабочина на левиот крак открил дека тој продолжува во хоризонтала и претпоставува дека се спојува со десниот крак, информираат од спелеонуркачкиот клуб „Врело“.„Кракот е широк 8 метри и висок 6 метри и едвај може да влезе во него еден нуркач. Има многу кал и поради тоа видливоста е слаба“ – велат од клубот.
Од следната недела меѓународната експедиција ќе продолжи да го истражува десниот крак, каде се очекува да се отиде уште подлабоко во пештерата, од веќе достигнатите 190 метри длабочина.„Од понеделник ќе почнеме да ја преместуваме опремата во десниот крак, а ќе земеме и примероци од водата, камењата и песокот од повеќе места за да се испитаат во МАНУ“ – вели нуркачот Бојан Петковски.крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

