Македонија
Георгиевски: Сé повеќе се манипулира со спорот со името
Проблемот со името се повеќе е предмет на манипулација со јавноста, смета Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-Народна Партија.
Проблемот со името се повеќе е предмет на манипулација со јавноста, смета Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-Народна Партија. Спорот со името е една од темите за кои Георгиевски, заедно со партискиот претседател Марјан Додовски денеска разговараа со американскиот претседател Филип Рикер. Георгиевски останува на ставот дека следната влада треба да добие мандат и за затворање на ова прашање со Грција.„Не можам да не ја прокоментирам завчерашната изјава на господинот Иванов дадена во Женева. Тој буквално во една реченица кажа дека тој е против географска додавка на името Република Македонија, меѓутоа во истата реченица уште еднаш потврди дека Република Македонија дала согласност за Република Македонија (Скопје), на што јас веќе навистина не знам што да кажам. Ѓорге Иванов како претседател е против географска додавка, меѓутоа не му пречи топонимска додавка. Треба некој да му објасни дека топографијата е дел од географијата, така што навистина не знам дали државните функционери се зафркаваат со Република Македонија и со интелигенцијата на овој народ. Така што, навистина сметам дека името станува се повеќе предмет на манипулација и ние стоиме цврсто на позиција дека овие избори треба да дадат политичко решение на тој проблем“, изјави Геогриевски.Посочи дека главна тема на разговорот со амбасадорот Рикер биле престојните парламентарни избори. Од американска страна, пораката била дека не треба да се толерира било каков обид за нарушување на изборниот процес. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.
Македонија
Гаши на средба со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија.
На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Собранието и Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, со акцент на улогата на законодавниот дом во процесите поврзани со одржливиот развој, човековите права и доброто владеење.
Претседателот Гаши изрази задоволство од реализирањето на средбата и ја истакна досегашната плодна соработка со Канцеларијата на постојаната координаторка, која, како што нагласи, значително придонесува за унапредување на транспарентноста и отчетноста на институциите.
Постојаната координаторка Колумбија ја поздрави иницијативата и ја потенцираше поддршката на системот на Обединетите нации за активностите на Собранието поврзани со спроведувањето на договорите и проектите што се реализираат во партнерство со агенциите на ОН. Таа нагласи дека во иднина акцентот ќе биде ставен на заедничките напори за унапредување на образованието, создавање подобри услови за лицата со попреченост, промовирање на родовата еднаквост и понатамошно јакнење на улогата на жените во општеството и во парламентот.
На крајот од средбата, претседателот Гаши изрази благодарност до системот на Обединетите нации во Република Северна Македонија за нивните активности и поддршка во областите на доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина, климатските промени, вработувањето и рамномерниот регионален развој, како и за досегашната конструктивна соработка со Собранието и неговите работни тела.

