Свет
Над Митеран била извршена еутаназија?
Поранешниот француски претседател, Франсоа Митеран, кој 14 години боледуваше од рак, си ги скратил маките во јануари 1996 година со „интравенозна инјекција“, тврдат двајца новинари во книга публикувана во вторникот.
Новинарите Дени Демонпјон и Лоран Леже во книгата „Последно табу. Откритија за здравјето на претседателот“ откриваат дека на Митеран „еден понеделник на негово изричито барање, му биле скратени маките“.„На Франсоа Митеран му била дадена интровенозна инјекција“, наведуваат новинарите, одбегнувајќи да го употребат зборот еутаназија.Еден од синовите на поранешниот француски лидер, Жилбер Митеран на француските новинари им изјавил дека само една личност знае што точно се случило, но дека таа личност никој пат нема да прозбори во јавноста. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Апокалипса во Кина: силно торнадо руши се’ пред себе, 5 загинати и многу повредени
Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што денеска го погоди јужниот кинески град Гуангжу, јави кинескиот јавен сервис CGTN.
Сеизмолошкиот институт соопшти дека торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највисокото, а увидот за материјалната штета е во тек, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Метеоролошката станица во селото Лијангтиан во округот Бајин, на околу три километри од местото каде што потекнува торнадото, попладнево забележа максимален удар на ветер од 20,6 метри во секунда.
Претходно во текот на денот, градските власти издадоа предупредувања за можна појава на грмотевици, дожд, град и торнада во многу окрузи.
Ова доаѓа додека провинцијата Гуангдонг се бори со рекордни поплави предизвикани од обилните дождови, кои однесоа најмалку четири животи и раселени десетици илјади луѓе низ неколку градови.
Најмалку 10 лица се водат како исчезнати.
Свет
(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон
Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти.
Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“.
Во соопштението на универзитетот се нагласува дека активностите на демонстрантите се зголемени на ниво кое училиштето „не може да го толерира“, пренесува Бостон Хералд.
Les étudiants de l'Université Northeastern de Boston ont empêché les fourgons de police de quitter les locaux avec les étudiants arrêtés après avoir tenté de démanteler le camp de solidarité de Gaza. pic.twitter.com/bnJQQJ7YZU
— Marysieńka (@MarieMarysienka) April 27, 2024
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.