Македонија
Може да се тргне напред само без монополизирање на името
Ако спорот за името се реши со географска одредница, тоа значи дека никој нема право да бара монопол врз историјата на регионот, идентитетот, симболите,коментира проф. Аристотел Циампирис, кој во центарот Вудроу Вилсон во четвртокот говореше за новата грчка надворешна политика
Новиот премиер Јоргос Папандеу ќе се залага за влез на сите балкански земји во ЕУ до 2014-та, предвидува професорот Циампирис кој работи на Одделот за меѓународни и европски студии на Универзитетот во Пиреа.„Со новата администрација во Грција ќе забележите поактивна надворешна политика на Западниот Балкан за евроатланска интеграција на регионот“, смета професорот Аристотел Циампирис. За разликите околу името, професорот не гледа простор за поместување од грчка страна, иако Папандреу важи за умерен политичар. Едно сложено име со географска одредница за целосна меѓународна употреба би требало да биде продолжението на досегашната грчката политика, независно кој е премиер, смета тој. Средбата меѓу премиерите Груевски и Папандреу во Брисел за Циампирис е добар почеток, но тој е внимателен оптимист. „Нешто што трае 18 години не може да се реши со една средба. Но, фактот дека двајцата премиери се среќаваат – и сигурен сум дека ќе бидат разменети погледи и идеи – е значајно и веројатно сме сведоци на нов обид за изнаоѓање решение за долготрајниот спор“, коментира Циампирис.Грчкиот професор за Гласот на Америка вака го анализира проблемот со името: „Ако спорот се реши со име со географска одредница, тоа значи дека никој нема право да бара монопол врз историјата на регионот, идентитетот, симболите… Размислувањето е дека ако името е Северна Македонија – нешто што означува географија, но не идентитет или историја, тогаш никој не го монополизира името и она што доаѓа со него и сите тргнуваме напред“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

