Свет
НАТО ќе ги засили нападите во Либија

НАТО најавува зајакнување на воздушни напади врз цели во западниот дел на Либија, кој е главно под контрола на лидер на државата Моамер eл-Гадафи, пренесува Аssociated Press повикувајќи се на претставник на западната коалиција
Либиксиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи во петокот се закани дека ќе се одмазди со напади во Европа, доколку Алијансата не ја запре својата воена кампања против неговиот режим.Во соопштението на Алијансата во саботата се наведува дека нејзините акции се во насока на ослабување на силите лојални на Гадафи, кои се распоредени во поголемите градови во западниот дел на Либија, како и поголемите транспортни правци. Според НАТО, само изминатава седмица во Либија биле уништени повеќе од 50 воени објекти што ги користи армијата на Гадафи. Од средината на февруари во Либија почнаа масовни демонстрации со барање за повлекување од власта на полковникот Гадафи кој е на чело на Либиската Џамахирија повеќе од 40 години, кои подоцна прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и бунтовниците. Советот за безбедност на Обединетите нации на 17-ти март ја усвои резолуцијата 1973 за воведување зона на забранети летови над Либија, што отвори можност за странска воена интервенција во состојбите во оваа северноафриканска земја. На 19-ти март започна операцијата на коалициските сили предводени од Велика Британија, Франција, САД, Канада, Белгија, Италија, Шпанија, Данска, Норвешка. Раководењето со кампањата во Либија на 31-ви март целосно беше префрлено на командата на НАТО. Операцијата на Северноатлантската алијанса, која го доби кодното име „Обединет бранител“, се спроведува за обезбедување на ембаргото за оружје, зоната на забранети летови и за заштита на цивилното население. Мандатот за операцијата истекуваше на 27-ми јуни, но на 1-ви јуни тој беше продолжен за 90 дена – до крајот на септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Претседателот Вучиќ го хоспитализирале поради висок притисок и болка во градите

Кардиологот, бригадниот генерал Драган Динчиќ, кој, според него, долги години учествува во лекувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот претходник Борис Тадиќ, изјави дека Вучиќ ненадејно се вратил од САД бидејќи почувствувал силна болка во градите која траела неколку секунди, како што рекол самиот Вучиќ.
Меѓутоа, како што рекле другите присутни во тој момент, според Динчиќ, таа болка траела нешто подолго. Според Динчиќ, болката е поврзана со високиот крвен притисок на Вучиќ, кој 45 минути по земањето на терапијата изнесувал 165/98.
Кардиологот Динчиќ оценил дека притисокот пред терапијата веројатно бил многу поголем.
Наведе и дека во последните повеќе од 10 години, во три наврати, Вучиќ имал слични заболувања кои најчесто се поврзани со екстремно високи вредности на крвниот притисок.
Претседателот си ја зеде дополнителната терапија, која беше доста интензивна, а по 45 минути, кога пристигна тимот лекари од САД, измерените вредности на крвниот притисок беа 165/98, што јасно покажува дека притисокот пред да се земе терапијата бил значително поголем отколку во моментот на мерењето. При прегледот во ВМА каде што пристигна денеска околу 13 часот, немаше проблеми и се чувствуваше добро – изјави Динчиќ.
Тој рече и дека по потребните прегледи и анализи, Конзилиумот на лекари на ВМА констатирал дека моменталната здравствена состојба на Вучиќ е стабилна и задоволителна.
Регион
Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
Таа изјави дека здравствената состојба на шефот на државата Александар Вучиќ, кој го прекина престојот во Флорида и попладнево се врати во Белград, е сериозно нарушена.
Вучиќ бил примен на Военомедицинската академија, каде што го пречекале министерот за здравство Златибор Лончар и Драган Динчиќ, поранешен лекар на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, објави „Блиц“.
Ана Брнабиќ изјави дека била планирана средба меѓу Вучиќ и американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида.
Регион
Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат неофицијално српските медиуми.
Претседателот беше пречекан на ВМА од министерот за здравство Златибор Лончар.
На претседателот на Србија ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побара медицинска помош и по прегледот одлучи да се врати во Србија. Поради ова, претседателот на Србија не се појави на главните настани за кои дојде во САД.
Според информациите на Танјуг, на Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време. Во тој момент, во просторијата со претседателот Вучиќ, подготвувајќи се за состаноците, биле министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ.
Канцеларијата на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.