Свет
Рон Пол сака републиканска номинација
Републиканскиот конгресмен Рон Пол, кој во Вашингтон го нарекуваат „Др. Но“ поради спротиставувањето на голема влада и на јавната потрошувачкам, соопшти дека ќе се кандидра на партиската претседателска номинација за изборите 2011, што ќе претставува негов трет ваков обид.
Републиканскиот конгресмен Рон Пол, кој во Вашингтон го нарекуваат „Др. Но“ поради спротиставувањето на голема влада и на јавната потрошувачкам, соопшти дека ќе се кандидра на партиската претседателска номинација за изборите 2011, што ќе претставува негов трет ваков обид. „Дојде времето за обединување околу една точка за која се согласни луѓето со многу од она што го говорев 30 години. Значи, мислам дека е вистинското време“, изјавил 75-годишниот Рон Пол кој првпат се кандидираше за претседател како либертинец во 1988 година.Американските политички аналитичари посочуваат дека сегашната жестока расправа за намалувањето на буџетскиот дефицит и државниот долг од 14 илјади милијарди долари, многу му оди во прилог на Пол како доследен критичар на јавната потрошувачка, но поради неговите радикални барања за минимална улога на државата не му даваат сериозни шанси за номинацијата.Пол ја објави својата канидатура во петокот навечер во интервју за емисијата „Good Morning America“ на телевизијата ABC News во Њу Хемпшир каде го одржа својот прв митинг во претседателската кампања.Во изборниот циклус од 2008 година поранешниот хирург и жесток критичар на централната банка „Федерални резерви“, Рон Пол стана сензација на итнернетот и многу успешен во придобивањето на политичките донации, водејќи духовита но сепак неуспешна кампања за републикански претседателски кандидат.Рон Пол првпат беше избран за Конгресот на САД во 1976 година, а стана познат по неговите неконвенционални ставови и залагањето за некој вид модерен републикански популизам. Тој како опстетричар кој водел повеќе од четири илајди породувања, особено е познат како противник на абортусот, но не смета дека треба да го регулира тоа прашање федералната валда, туку смета дека тоа е улога на сојузните држави. Пол, исто така, е за укинување на даночната служба IRS, бара враќање на златниот стандард во монетарната политика на САД, а се залага и за повлекување на американските војници од Ирак и од Авганистан.Рон Пол потекнува од Питсбург, и го сметаат за вистинскиот духовен основач на конзервативното движење „ Tea Party“ (Чајанка). И неговиот син Ранд Пол кој во 2010 година беше избран за сенатор на Кентаки како кандидат на „Tea Party“, во своите настапи на Капитол Хил се претстави како жесток поборник на јавната потрошувачка и на помала влада.Рон Пол е познат и по тоа што рутински одбива да го прифати ткн. „порк“, ненаменската буџетска потрошувачка за неговиот изборен округ во Галвестон, во државата Тексас, што во САД е вообичаениот начин за придобивање гласачи. Од друга страна, доби признание со одбивањето да го потпише барањето за голема пензија на којашто има право како застапник во Конгресот./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски дипломат: На работ сме на договор за мир во Украина
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави во интервју за Еј-Би-Си дека верува оти страните во војната се „на работ“ на дипломатско решение што би го завршило руско-украинскиот конфликт.
„Подготвени сме да постигнеме договор“, рече Рјабков, додавајќи дека се надева оти спогодбата може да биде постигната „поскоро отколку подоцна“.
Неговите изјави доаѓаат откако претставници на американската администрација сигнализираа дека мировен договор можеби е поблизу од кога било, наведувајќи дека околу 90 проценти од спорните прашања веќе се решени.
И покрај оптимистичкиот тон, Рјабков повтори дека Русија не се откажува од контролата врз Крим, како и врз делови од украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев ги смета за неприфатливи услови.
Тој истакна дека Русија нема да прифати присуство на НАТО-сили во Украина, дури ни како безбедносна гаранција по завршувањето на војната.
Разговорите се водат со посредство на САД, како дел од мировната иницијатива на Белата куќа за ставање крај на руската инвазија започната во февруари 2022 година.
Свет
Мерц: САД се подготвени за обврзувачки безбедносни гаранции за Украина
САД се подготвени да преземат правни безбедносни гаранции слични на член 5 од Договорот за НАТО. Ова го изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, цитиран од „News.LIVE“. Повоениот мир за Украина мора да биде обезбеден со материјални и правни гаранции од САД и Европа, нагласи германскиот канцелар Мерц, додавајќи дека сојузниците повеќе нема да ги повторуваат „грешките од Минските договори“.
Овие гаранции треба да бидат сеопфатни, истакна Мерц, додавајќи дека нивната специфична содржина ќе биде разгледана подоцна: „Во случај на нов напад од страна на Руската Федерација, Украина би можела да се одбрани не само сама, туку и со поддршка на оние земји што ќе ги преземат обврските“.
Според канцеларот, Европејците ѝ ги предале на Русија своите предлози за обезбедување безбедносни гаранции и „топката сега е во дворот на Москва“. Мерц го повика Кремљ да покаже дека навистина сака мир и да се согласи на целосно прекин на огнот со Украина за време на божиќните празници.
Веќе има сигнали од украинската страна и од водечките земји од ЕУ дека е можно на крајот да има договор меѓу САД и Украина за тоа како треба да изгледа идниот мир. Но, Русија сепак ќе мора да биде убедена, дури и ако Украина и САД на крајот постигнат договор за Донбас. Американската страна, исто така, била задоволна од тоа како се одвивале преговорите, тврди Ројтерс, врз основа на свои извори.
„Разговорите не се лесни, но се продуктивни“, коментираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и потврди дека Украина и САД имаат различни ставови за судбината на Донбас.
depositphotos
Свет
Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој го објави ова за време на заедничката прес-конференција со Фридрих Мерц на Германско-украинскиот економски форум, пренесува „Европејскаја правда“.
Тој нагласи дека САД дејствуваат како посредник во овие преговори.
„Секако, не сите прашања се едноставни. Постојат сложени работи, особено во врска со териториите. Секако, сите го покренуваат ова прашање. И тука е важно сите ние да работиме на тоа ваквите прашања да се решат апсолутно праведно. Дијалогот за териториите не беше доволен и ми се чини дека досега имаме различни позиции, да бидам искрен, но мислам дека колегите го слушнаа мојот личен став“, рече Зеленски.
Во исто време, тој истакна дека е постигнат напредок по многу прашања за време на неодамнешните преговори.
„Навистина имаше напредок по многу прашања. Искрено, не знам како Русија ќе го перцепира ова – во однос на релевантните резултати од нашите разговори“, нагласи украинскиот шеф на државата.
Во Берлин се одржа состанок на украинската делегација предводена од Володимир Зеленски со претставници на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф денес објави значителен напредок во преговорите.
depositphotos

