Македонија
Во пожарот во Св. Јован Бигорски изгореа и стари црковни книги

Во пожарот кој утрово го зафати манастирот Јован Бигорски изгорела и библиотеката со стари црковни ракописи, откриваат извори од МВР. Монасите утрово околу 5 часот се обиделе да спасат дел од библиотеката
Екипите на СВР Тетово со истражен судија почнуваат да вршат увид на местото на несреќата со цел да се утврдат причните за пожарот во еден од најпознатите и највредните манастирски комплекси во државата.Според црковни извори и информации од МВР, во пожарот што почнал во 4.10 утрово целосно изгорел стариот конак. За среќа, старата црква во која се наоѓа вредната икона Свети Јован Крстител со чудотворна моќ и иконостасот од резбано дрво не се зафатени од пожарот.Од МВР соопштуваат дека пожарот настанал во 04.10 утрово, Пожарот бил пријавен во полициската станица во Гостивар околу 04.20. Првото противпожарно возило стигнало од Дебар. Набрзо пристигнале и возила од Струга, Гостивар, Тетово.„Пожарот е локализиран, а целосно изгаснат во 07.10“, велат од МВР.Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на прекрасната Радика. Името Бигорски, го има добиено заради тоа што е изграден од бигор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ објави документ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, Владата ќе им дава 2 денари само на винариите

„И денес Трипуновски не собра храброст јавно да ја каже производната цена на двете најзастапени вински сорти ‘Вранец’ и ‘Смедеревка’ и пак продолжи да ги лаже земјоделците дека во договор со винарниците е постигната историски највисока цена“, велат од СДСМ.
„Пред три недели Владата далеку од очите на јавноста донела мерка на винарниците им исплати по два денари по литар произведено вино, од откупени количини на грозје од реколта 2024 година. Ама не и на лозарите.
Ова покажува дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ги пушти низ вода лозарите. Од минатата 2024 година цената на грозјето е зголемена само за пола денар, што е срамно ништо да не добијат лозарите а на винарниците власта им дава два денари за литар произведено вино од реколта 2024 година, без јавно да го соопшти тоа.
Минатата година, за прв пат, лозарите останаа и без субвенции по килограм предадено грозје. Ќе се повтори ли и оваа неправда пак?
Ова е уште еден доказ дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не работи за земјоделците, туку им служи на олигарсите“, соопшти СДСМ.
Македонија
Мицкоски: Планирана е набавка на 100 нови модерно опремени амбуланти возила

Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија, одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила.
Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата, вели премиерот Мицкоски.
Македонија
Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од избирачи можно е да направи хаос на гласачките ливчиња. Премиерот Христијан Мицкоски предупреди дека ако изборниот процес е неуспешен, Владата има можност да именува владини повереници.
„Не исклучувам ни таква можност, можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, можно е гласачкото ливче да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука сакам да предупредам дека во согласност со Уставот и законот, ако не е успешен избирачкиот процес, Владата е таа што именува владини повереници. Неодговорното однесување на поединци и од одделни политички партии резултира со ваков тип на можности. Сега, дали тоа ќе се случи, ќе видиме многу бргу од денеска. До 1 септември треба да заврши овој процес, па да видиме како ќе биде, инаку не ја исклучувам и оваа можност“, рече премиерот Мицкоски по увидот во градежните активности за нова градинка во Драчево.
Државната изборна комисија (ДИК) за претстојните локални избори донесе нов правилник, со кој се олеснува процесот за кандидирање независни кандидати за градоначалници и за советници. Според новите измени, за поднесување кандидатска листа од група избирачи потребни се само два потписа. Ваквата одлука следува по укинувањето на два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд, со што се создаде правна празнина во постапката за собирање потписи.
Краен рок за поднесување кандидатури е 13 септември. Првиот круг за гласања е закажан за 19 октомври.