Свет
Пасторот од Флорида привремено се откажа од палење на Коранот
Контроверзниот пастор Тери Џонс од Флорида привремено се откажа од намерата да го запали Коранот.
Контроверзниот пастор Тери Џонс од Флорида привремено се откажа од намерата да го запали Коранот.
Џонс, кој ја вознемири американската и светската јавност со најавата дека на годишнината од терористичките напади врз САД на 11 септември ќе ја запали светата книга на муслиманите, соопшти дека привремено се откажува од таа намера во замена за преселба на спорната џамија во близина на таканаречената локација „Гранд зиро“(Нулта точка) во Њујорк.
„Ние сметаме дека тоа би бил знак од Бога“, изјави на прес конференција пасторот Џонс, водач на малата пентакостална заедница на Флорида, пренесува агенцијата Хина.
Американските медиуми известуваат дека не е јасно дали постои одлука за изградба на исламски културен центар и џамија два блока од „Гранд зиро“, местото на уривање на кулите близначки на 11. септември 2001. година. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

