Македонија
Греувски: Новиот пакет закони се револуционерна промена во судството
Пакетот закони од судството што беа донесени од страна на Парламентот се од круцијално значење за подобрување на работата на судовите, оцени премиерот Никола Груевски кој за процесот на лустрацијата смета дека треба да остане во рамките на инситуциите
Како што пренесува МИА од Кичево, премиерот Никола Груевски во петокот одговарајќи на новинарски прашања, позитивно го оценил последниот пакет закони, со кои спроед него значително ќе се придонесе да се подигне квалитетот во работата на македонското судство.„Оваа недела е донесен голем пакет на судски закони кои по мое мислење се најкрупната и најреволуционерната промена во делот на судството кон подобро, зашто внесуваат одреден ред и правила кои ќе ја подобрат работата на судството“, изјавил Груевски по пуштањето на спортската сала во Кичево.Премиерот додалдека како што ќе стапуваат во сила одредбите од пакетот закони така ќе има и поквалитетно подобрување во работата на судовите.Појавата на нови досиеја поврзани со лустрацијата за премиерот Груевски се обид да се наруши кредибилитетот на овој процес и да се оствари ситен политички пробив на партиски план.„Очигледно, постојат сили кои се плашат од овој процес на лустрација кој треба да биде институционален и се обидуваат со различни методи да го дискредитираат. Она што го видовме во минатото беа одредени фотокопии кои Комисијата за лустрација, како главно тело во државата за лустрација, откако направи длабока анализа ги прогласи за фабрикувани документи кои не се вистинити што покажа дека навистина некој се обидува да оствари не само ситен политички пробив на партиски план, туку и да го дискредитира процесот на лустрација“, нагласил Груевски за кого лустрацијата треба да остане во рамките на институциите и тие да го водат процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

