Економија
Акциите во пораст, прометот мал

Растечки тренд на акциските индекси го одбележа тргување на македонската берза за хартии од вредност во понеделникот, додека вкупниот промет изнесуваше 9.767.303,98 денари.
Растечки тренд на акциските индекси го одбележа тргување на македонската берза за хартии од вредност во понеделникот, додека вкупниот промет изнесуваше 9.767.303,98 денари.
Тргувањето со државните обврзници за денационализација изнесуваше 3.439.015,98 денари. На официјалниот пазар беа остварени 7.103.193,98 денари кои се реализираа преку 55 трансакции. Редовниот пазар оствари промет од 2.664.110,00 денари при реализирани 22 трансакции.
МБИ10 го оствари вториот непрекинат дневен раст кој изнесуваше 0,15%, додека вредноста на индексот затвори на ниво од 2.734,16 индексни поени. МБИД оствари нешто поголемо зголемување кое изнесуваше 0,52%, а вредноста достигна 3.020,21 индексни поени.
ОМБ опадна за незначителни 0,04% позиционирајќи се на ниво од 110,33 индексни поени.Најликвидна на официјалниот пазар, а воедно и на целата берза беше државната обврзница за денационализација од четвртата емисија со промет од 1.823.178,80 денари.
Просечната цена изнесуваше 87,00%, а тоа значеше зголемување од 1,16% на дневна основа. Истргувани беа вкупно 34.262 обврзници кои се реализираа преку една трансакција.
Втора од официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид Скопје, чиј промет изнесуваше 1.406.548,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.784,18 денари што значеше раст од 1,79%. Ова е трет ден како оваа акција бележи континуиран раст. Ценовниот распон се движеше од 4.700,00 денари до 4.800,00 денари. Истргувани беа 294 акции кои се реализираа преку 14 трансакции.
На триото најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар се придружи и Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.036.750,00 денари. При просечна цена од 2.750,00 денари, намалувањето изнесуваше 1,78%, што значеше промена на трендот во однос на претходниот трговски ден.
Истргувани беа 377 акции кои се реализираа преку 9 трансакции.Од редовниот пазар најактуелна беше акцијата на Македонска Берза Скопје со промет од 1.700.000,00 денари, што претставуваше 64% од прометот остварен на редовниот пазар. Со просечната цена од 170.000,00 денари, намалувањето изнесуваше 32,00%.
Истргувани беа 10 акции кои се реализираа преку една трансакција.Македонски Телеком Скопје, како втора најтргувана од редовниот пазар оствари промет од 526.430,00 денари. Просечната цена од 419,80 денари значеше само мало зголемување од 0,03%. Ценовниот распон се движеше од 417,00 денари до 420,00 денари. Истргувани беа 1.254 акции кои се истргуваа преку 8 трансакции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 042. Македонска Берза Скопје3. Алкалоид Скопје4. Комерцијална Банка Скопје5. Р.Македонија – Денационализација 08Хартии од вредност со најголем раст1. ОКТА Скопје 6,11%2. Бетон Скопје 2,40% 3. Р.Македонија – Денационализација 03 2,33%4. Алкалоид Скопје 1,79%5. Макпетрол Скопје 1,17% Хартии од вредност со најголем пад1. Македонска Берза Скопје 32,00%2. Пекабеско Скопје 9,93%3. Стопанска Банка Битола 2,67%4. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 1,93%5. Комерцијална Банка Скопје 1,78%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.