Македонија
Попоски-Хаџинасто: Инцидентите нема да ги нарушат добрите односи меѓу Македонија и Албанија
Министерот за надворешни работи на Албанија, Едмонд Хаџинасто кој имаше средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски го осуди палењето на македонското знаме во Албанија, но и палењето на
Министерот за надворешни работи на Албанија, Едмонд Хаџинасто кој имаше средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски го осуди палењето на македонското знаме во Албанија, но и палењето на албанското знаме во Македонија.
„Го видов исто така и инцидентот кога гореше албанското знаме. Двата инцидентa не требаше да се случат, бидејќи националните симболи се свети за секоја нација, за секој граѓанин. Ние се согласивме денеска дека тие инциденти нема да ги искомлицираат одличните односи што ги имаме. Неопходно е нашите институции да делуваат во согласност со законите. Целосната интеграција на етничките заедници е фундаментална вредност на натамошен прогрес на Македонија во НАТО и Европска унија“, рече Хаџинасто.
Покрај тоа, тој ги осуди и меѓуетничките инциденти што се случија во Македонија во изминатиов период и побара институциите да ги расветлат и порача дека овие инциденти нема да ги нарушат, како што рече – одличните односи меѓу двете земји.
„Побаравме целосно расветлување на овие настани, исто така побаравме од институциите да ги изнесат пред лицето на правдата сите тие што се одговорни за овие инциденти. Исто така, побаравме од сите политички претставници да покажат зрелост смиреност и поддршка за институцијата за да ги решат овие инциденти“, изјави шефот на албанската дипломатија, прашан дали побарал расветлување на убиството во Гостивар и расветлувањето на другите инциденти.
И македонскиот министер за надворешни работи порача дека секој поединец кој сака да ги наруши односите со соседна Албанија, треба да биде санкциониран.
„Од исклучителна важност е кој и да е гест кој цели кон нарушување на одличната соработка која сакаме да ја градиме во нашиот регион, да биде санкциониран. Кој и да е гест што може да биде навредлив за кој било од нашите пријатели и соседи, како во Албанија и Македонија и целиот регион, мора да биде осуден и да биде третиран во рамките на институциите на системот. Имаме заедничка иднина во НАТО и ЕУ, делиме исти вредности и на тој начин треба да бидат адресирани сите оние гестови кои сакаат да ја нарушат таа цел и одличната соработка која сакаме да ја градиме. Секој поединец кој сака да ги наруши овие односи треба да биде осуден и санкциониран“, рече Попоски.
Албанскиот министер за надворешни работи рече дека се погрешни информациите дека малцинствата во Албанија немале право да се попишат според својата националност. Според него, сите малцинства, сите граѓани имале можност и право да се изјаснат себеси слободно.
Хаџинасто во петокот ќе се сретне и со претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Теута Арифи, вицепремиерот Муса Џафери, како и со премиерот Никола Груевски, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, а ќе биде примен и кај претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

