Македонија
Шеесет тони сол фрлени во Скопје

По снежните врнежи кои во текот на изминатава ноќ го зафатија Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“ до 9 часот утринава фрлија 60 тони сол на градските улици
Коловозите на улиците се чисти и проодни, а градскиот Кризен штаб за одржување на улиците во зимски услови од рано утрово врши дополнителни интервенции на „црните“ точки – подвозниците, високите зони кон Водно и Скопска Црна Гора, како и на приодите кон јавните и здравствените институции.Со специјално возило со соларка се обиколени булеварите Александар Македонски, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков, Словенија, Џон Кенеди, Никола Карев, сите мостови во градот, клучката кон Маџари и клучката „Дијамант“.Во текот на денешниов ден Кризниот штаб ќе ја следи состојбата на теренот и ќе интервенира според потребите.Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утрово нема скратување на автобуските линии во градот и дека сите автобуси сообраќаат до своите крајни дестинации.Работниците на ЈП „Комунална хигиена“ утрово со лопати го расчистуваат снегот кој наврна на тротоарите, на приодите кон јавните згради и на мостовите.Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат кон законската обврска да ги расчистат приодите кон нивните објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.