Македонија
Судењата од септември ќе се снимаат тонски

Во скопскиот Основен суд 2 денеска се одржа првата симулација на судење на кое се употреби инсталираната опрема за тонско снимање на судските рочишта.
Во скопскиот Основен суд 2 денеска се одржа првата симулација на судење на кое се употреби инсталираната опрема за тонско снимање на судските рочишта. На презентацијата присуствува судии , министерот за Правда Михајло Маневски и претставници на УСАИД со чија помош е набавена и инсталирана опремата. Ова се дел од мерките за подготовка на судниците за примена на Законот за парнична постапка кој ќе почне да се применува од септември годинава. “Извршена е едукација на 450 лица , опремени се 80 судници , каде главните расправи ќе бидат тонски снимани. Набавени се 60 000 цединја и се обучени судии и техничари за раководење со техниката”, изјави министерот Михајло Маневски на денешната презентација. Интензивно се работи и на опремување на судовите во делот каде се работи кривичната материја. Планирано е до октомври 2012 да се заврши и таа процедура. Тоа значи дека и тие судења ќе се снимаат. Граѓаните во иднина ќе може да достават тужба и по електронски пат. Проектот чини над 320 000 долари. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар