Свет
Eксхумирани коските на Симон Боливар за тестирање
Во Венецуела како што беше најавено претходно во сабота е извршена ексхумација на останките на легендарниот борец за независност од 19. век, за да се утврди дали бил отруен од непријателите во Колумбија
Ескхумацијата се врши по притисок на венецуелскиот претседател Хуго Чавез кој повеќе ја преферира тезата дека Симон Боливар, кој во 19. век како брилијантен воен стратег го водел ослободувањето на голем дел од Јужна Америка во ослободувањето од вековното шпанско владеење, не умрел во Колумбија од туберкулоза во 1830 г. како што е официјално прифатено.Чавез смета дека Боливар бил отруен или убиен од колумбиските ривали, а на новоотворената форензичка лабораторија во Каракас прв случај ќе и биде испитувањето на останките од историскиот херој кој честопати е нарекуван латиноамерикански Џорџ Вашингтон. „Вечерва бевме сведоци на прекрасен настан. Ги видовме останките на големиот Боливар. Плачев, признавам. Реков дека тоа мора да се коските на Боливар бидејќи може да се почувствува неговото величествено присуство’, напишал Чавез на Твитер, откако синоќа бил отворен ковчегот во кој е погребан Симон Боливар. Во прилог на венецуелската државна телевизија биле прикажани припадниците на почесната гарда во свечени униформи, со маски на лицата и сини пластични ракавици кои салутираат крај ковчегот во просторија украсена со големо државно знаме, пренесува Reuters.Во големиот ковчег имало помал кој бил обвиткан со најстарото државно знаме направено во Англија за кое Чавез рекол дека ќе биде заменето со изработено во Венецуела. Левичарот Чавез во 2006 г. на државното знаме додаде осма ѕвезда, а насоката на галопот на белиот коњ со државен грба ја промени на лево.Пол Ејвиртер стручњак од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во април годинава имаше излагање во кое ја поддржа теоријата дека Боливар најверојатно умрел од труење со арсен. Но тој смета дека тоа се случило заради пиење на загадена вода или земање на овој отров од природата преку растенија што се употребувало за лечење на главоболки и хемороиди. Научникот реагира дека не се чувствува пријатно што венецуелската власт го злоупотребила на некој начин неговото истражување. Чавез тврди дека Боливар бил отруен од колумбискиот генерал Франческо де Паула Сантандер. екои политички аналитичари од регионот сметаат дека отворањето на овој случај може дополнително да ги влоши и онака многу напнатите односи меѓу двете соседни држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вели дека ќе разговара со Маск за враќање на интернетот во Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да разговара со милијардерот Илон Маск за враќање на интернетот во Иран, каде што властите го прекинаа интернетот поради антивладините протести.
„Тој е многу добар во тоа, има многу добра компанија“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали би ја ангажирал компанијата на Маск, SpaceX, која нуди сателитска интернет услуга наречена Starlink.
Откако милијардерот помогна во финансирањето на успешната претседателска кампања на Трамп, а подоцна иницираше големи намалувања на буџетот за федералната влада, пријателскиот пар се скара минатата година кога Маск се спротивстави на клучниот закон за даноци на Трамп.
Но, се чини дека ги поправија своите врски, вечерајќи заедно во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп овој месец.
Свет
Трамп: Иран нè контактираше за преговори
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со масовни протести во кои загинаа стотици луѓе.
Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека иранските лидери го контактирале претходниот ден „за да разговараат“. Додаде дека може да се договори состанок со иранските претставници. Иако не ја исклучи можноста за преговори, Трамп предупреди дека Вашингтон може да биде принуден да дејствува дури и пред евентуален состанок, со оглед на континуираните протести во Иран.
„Мислам дека се уморни од тоа што САД ги тепаат“, рече Трамп, очигледно мислејќи на израелските напади врз нуклеарната програма на Иран минатата година, во кои учествуваа и американските сили. Трамп не прецизираше кои теми ќе бидат дискутирани. Минатата година, Техеран одржа индиректни разговори со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, за спорната нуклеарна програма.
Трамп повеќе пати го предупредуваше Техеран за неговото насилно задушување на протестите, велејќи дека САД ќе „реагираат силно“ ако властите „почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото“.
Според американската организација Human Rights Activists News Agency, најмалку 544 лица се убиени во масовните протести во Иран во текот на изминатите 15 дена.
Свет
Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп
Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата во Техеран.
Во соопштението објавено од полуофицијалната новинска агенција Тасним, гардата рече дека сегашните протести во Иран се „продолжение на 12-дневната војна“, алудирајќи на конфликтот меѓу Иран и Израел во јуни минатата година. Го опиша американскиот претседател како „кловн и криминалец“ кој „поддржува репродукција на насилство и модерен тероризам во Иран“.
„Наместо да одговори на светското јавно мислење за неговите злобни ставови и очигледно мешање во внатрешните работи на нашата земја, со цел да избегне одговорност и да ја плати цената за овие злосторства во крв, тој го навреди благородниот и херојски ирански народ со својот наводно достоинствен јазик и западна култура. Тој треба да очекува остар одговор од овој лукав, отпорен и непријателски народ“, се вели во соопштението.
Бројот на жртви во антивладините протести во Иран продолжува да расте. Според податоците на американската организација Human Rights Activists News Agency, досега се убиени 538 лица. Меѓу загинатите се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили, според нив. Истата организација проценува дека околу 10.000 луѓе се уапсени за време на протестите низ целата земја.

