Македонија
Бугарскиот амбасадор Лашев на разговор во МНР

Вчера во Министерството за надворешни работи беше повикан на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Раковски Лашев, откако на 17 месецов на македонски новинари не им беше дозволено да присуствуваат на одбележувањето на раѓањето на Јане Сандански во Мелник, Бугарија.
Вчера во Министерството за надворешни работи беше повикан на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Раковски Лашев, откако на 17 месецов на македонски новинари не им беше дозволено да присуствуваат на одбележувањето на раѓањето на борецот против Отоманската империја Јане Сандански во Мелник, Бугарија.
По добиените информации од Здружението на новинарите на Македонија, директорот на Директоратот за Југоисточна Европа при македонското МНР, Дејан Костадинов-Петров, на амбасадорот Лашев му го искажал негодувањето од начинот на кој официјалните претставници на Република Бугарија го оневозможиле следењето на овој настан од страна на македонските новинарски екипи.
„Амбасадорот Лашев ја истакна трајната определба на Република Бугарија за развивање на добрососедските и пријателски односи, и во тој контекст потребата од заедничко одбележување на историски настани и личности кои имаат посебно место во историјата на двете земји. Во врска со барањето на ТВ „Сонце“ за медиумско покривање на настанот, посочи дека согласноста не била добиена од причина што според бугарското законодавство не се дозволува медиумско покривање на настан кој е во организација која не е регистрирана во Бугарија, додека за ТВ „Канал 5“ и новинарите на „Дневник“ причините биле од процедурална природа и краткиот рок за издавање на согласност“, информираат од ЗНМ.
На средбата, како што додаваат од ЗНМ, било заеднички констатирано дека – за двете земји, нејзините граѓани, добрососедските односи и развивањето на соработката во сите сфери од заеднички интерес – потребно е да се има во предвид дека прашањата од ваква природа да се надминуваат во духот на взаемното почитување.
На новинарските екипа на “Дневник“, “Сонце“ и “Канал 5“, без образложение не им бил дозволен влез во Бугарија.
Бугарските гранични служби само кусо ги известиле екипите оти “немаат јасна цел на патувањето“./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.