Свет
Лондон не му гарантира на Асанж слободно излегување од земјата
Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека Лондон не му дава на основачот на контроверзниот политички портал WikiLeaks, право на непречено патување надвор од земјата.
„Ние нема да дозволиме г-дин Асанж да го искористи правото на непречено заминување од Велика Британија. Ние немаме законска основа да го сториме тоа. Велика Британија не го прифаќа принципот на дипломатски азил“, изјави Хејг на онлајн конференција во четвртокот.
Четириесет иедногодишниот Австралиец, Џулијан Асанџ во Шведска е обвинет за силување и сексуално вознемирување, а британскиот суд во јуни донесе одлука да го екстрадира на шведските власти. Во четвртокот, министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Патињо соопшти дека неговата земја му дала политички азил на Асанж кој од 19-ти јуни се наоѓа во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.