Македонија
ДКСК ги објави коригираните извештаи од А1, СДСМ и Продукција Плус

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска на својата веб страна (www.dksk.org.mk) го објави новодоставениот коригиран конечен извештај на СДСМ за трошењето на парите од наменската сметка за изборната кампања.
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска на својата веб страна (www.dksk.org.mk) го објави новодоставениот коригиран конечен извештај на СДСМ за трошењето на парите од наменската сметка за изборната кампања.ДКСК на прес конференцијата во понеделникот ја информираше јавноста, дека организаторот на изборната кампања на коалицијата предводена од СДСМ, го повлекол конечниот финансиски извештај за трошењето на парите од наменската сметка, со образложение дека станува збор за техничка грешка. Со истото образложение, како што велат од Комисијата, тоа го сториле А1 Телевизија и Продукција Плус.„Во интерес и на вистината, денес на веб страната на Државната комисија, покрај конечниот извештај за финансирањето на изборната кампања на СДСМ, доставен на 17.06.2011 година, кој патем кажано, за Државната комисија е единствено валиден, бидејќи е доставен во законскиот рок, ќе биде ставен на увид и објавен дописот за дополнување на тој извештај, како и новодоставениот корегиран конечен извештај, доставени во Комисијата на 05.07.2011 година“, наведуваат од ДКСК. Исто така, на веб страната ќе бидат објавени дописите за повлекување на извештаите од 21 јуни и доставување Извештај за рекламен простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ од 28 јуни односно на 29 јуни од А1 телевизија и Продукција Плус. Во првичните извештаи се наведуваше дека за 13 часа, 53 минути и 35 секунди платено политичко рекламирање на СДСМ, А1 ТВ треба од СДСМ да наплати 430.239.855 денари. Се додава дека телевизијата не дала попуст, што значи дека долгот на СДСМ, кон А1 ТВ останува отворен за целиот тој износ од 430.239.855 денари.Во истиот извештај од телевизијата се вели дека СДСМ им платил 6.531,300 денари.Во корегираниот извештај А1 телевизија наведува дека за 13 часа 53 минути и 35 секунди треба да платат 21 957 000, а имаат попуст од 15 425 000./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Рашче има приведени поради пукање на свадба

Две лица беа приведени вчера во скопското село Рашче поради пукање на семејна веселба.
„Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба“, соопшти МВР.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на независноста на Обвинителството. Партијата го обвинува Коцевски дека ја претворил обвинителската функција во партиски сервис на СДСМ и ДУИ, со што, според нив, ја довел правдата во заложништво на политичките интереси.
Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека со негласањето на интерпелацијата во Собранието, СДСМ ја покажало својата поддршка за Коцевски како чувар на нивните функционери од кривична одговорност.
Партијата посочува дека довербата во обвинителот е падната под 2 проценти и дека тој, и покрај изгласаниот притисок и интерпелацијата, одбива да поднесе оставка.
Македонија
Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија е 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија ВО сила и ја ставија на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит.
Царинската и граничната заштита на САД (CBP) започна со собирање повеќе царини во 00:01 часот по источно време, по недели неизвесност околу конечниот процент на мерките на Трамп и забрзаните преговори со земјите од целиот свет кои сакаа да ги намалат.
Основен процент од 10 проценти претходно беше воведен за увоз од многу земји откако Трамп ги паузираше повисоките царини објавени на почетокот на април. Но, американскиот претседател оттогаш често ги менуваше своите планови, па затоа воведе повисоки стапки за некои земји.
Ова вклучува 50 проценти увоз од Бразил, 39 проценти од Швајцарија, 35 проценти од Канада, Србија, и 25 проценти од Индија. Во среда, тој објави дополнителна царина од 25 проценти за увозот на руски енергетски производи од Индија, која ќе стапи во сила за 20 дена.
Во пресрет на стартот на царините, Трамп зборуваше за милијарди долари што ќе се влеат во САД, главно од земји за кои тврди дека ги искористиле САД.
Осум големи трговски партнери кои сочинуваат 40 проценти од трговијата со САД постигнаа рамковни договори со Вашингтон, вклучувајќи ја Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја. Тие обезбедија основна каматна стапка од 15 проценти. Велика Британија се согласи на 10 проценти, а Виетнам, Индонезија и Филипините помеѓу 19 и 20 проценти. Стапката за Македонија, како што претходно беше објавено, изнесува 15 проценти.