Македонија
ДИК:Одзив до 13 часот нецели 20 насто
Одзивот на гласачите во вториот круг претседателски избори до 13 часот изнесува 19,53 насто
Одзивот на гласачите во вториот круг претседателски избори до 13 часот изнесува 19,53 насто.
Ова денеска го соопшти претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски, додавајќи дека изборите минуваат мирно.
Излезноста на гласачите до 13 часот е помала за шест проценти во однос на првиот круг претседателски избори одржани на 22 март, кога била 26,24 проценти.
До 13 часот за градоначалник на Скопје гласале 20,46 насто од запишаните избирачи, а на локалните избори одзивот на гласачите изнесува 24,44 проценти.
Новаковски истакна дека до ДИК има пристигнато неколку пријави за можни нарушувања на изборниот процес и тие се проверуваат до страна на ДИК, додавајќи дека досега официјално изборите се одвиваат во мирна атмосфера. /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај.
– во периодот од 10.00 до 12.30 часот, корисниците од цела населба Радишани во општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22ка, во село Волково, во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд и снег
Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче привремено го скрати зимскиот сон, па застана на страна на трговците кои делуваат како воени профитери
Добро е што Венко Филипче излезе од егзил и зимскиот сон го скрати привремено. Лошо е што се стави на страна на трговците кои делуваат како воени профитери, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на лидерот на СДСМ дека премиерот Мицкоски е виновен за покачувањето на цените во маркетите.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче не треба да зборува за кошнички и стандарди бидејќи е запаметен и како министер кој тргуваше со човечки животи и набавуваше респиратори и вакцини по сомнителни договори. Според владејачката партија тоа е исто како лисицата да зборува за безбедноста на кокошарникот!
„Седум години владеење на СДС беа години на распродажба на државните интереси, зголемување на долговите, инфлација и систематска кражба. Тие се главната причина зошто граѓаните денес се соочуваат со вакви економски предизвици кои макотрпно како Влада ги надминуваме. ВМРО-ДПМНЕ не само што реагираше веднаш за да ги заштити граѓаните од алчноста на трговците, туку и воведе механизми за контрола и казнување. За разлика од СДС, кој ги охрабруваше картелите и мафијата да печалат на маката на народот, ние преземаме акција. Неврохирургот на Заеви треба да ја наведне главата од срам за милионите евра украдени од тендери, а не да држи лекции за морал и економија“, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека граѓаните нема да дозволат оние кои ги уништија да им држат лекции за морал.