Македонија
Турските инвеститори бараат примена на прописите секаде во Македонија
Турските инвестиции во вкупна вредност од над 800 милиони евра придонесуваат за економски раст на Македонија и намалување на невработеноста, но инвеститорите бараат примена на прописите во различни места од земјата, можност за скратување на административните процедури за реализација на инвестиционите проекти и поедноставување на постапката за добивање дозволи за времен престој и работни дозволи.
Ова беше речено на работната вечера на членовите на Управниот одбор на Македонско-турската комора (МАТТО), кои се првите луѓе на компаниите – турски инвеститори во земјата со министерот за економија, Беким Незири, што се одржа во понеделник вечер.
„Традиционалните пријателски односи меѓу двете земји се одлична основа за унапредување на соработката на економски план. Република Македонија ги поздравува досегашните турски инвестиции во земјава и очекува нивниот број да се зголемува во наредниот период, истовремено охрабрувајќи ги и компаниите од Република Македонија да инвестираат во Република Турција. Владата на Република Македонија е секогаш на располагање за разговор и решавање на тековните проблеми за да се создаде подобар инвестициски и деловен амбиент“, речена средбата министерот Незири, кој е воедно и почесен претседател на МАТТО од македонска страна.
Претседателот на МАТТО, Туна Ејуп Кахвеџи, во име на присутните, се заблагодари за интересот кој го покажува министерот Незири и дадената можност во непосреден разговор да се изнесат искуствата од секојдневното работење на компаниите кои претставуваат турски инвестиции во Македонија. Како што посочи Кахвеџи, турските инвестиции во вкупна вредност од над 800 милиона евра придонесуваат за економски раст на земјата и намалување на невработеноста.
„Инвеститорите се најдобри промотори на бизнис и инвестиционата клима во една земја, а таа секогаш може да се подобрува во отворен дијалог со компаниите“, рече Кахвеџи.
Меѓу прашањата кои беа отворени на работната вечера од страна на турските бизнисмени се: промените во законската регулатива, примената на прописите во различни места од земјата, можноста за скратување на административните процедури за реализација на инвестиционите проекти, можноста за поедноставување на постапката за добивање дозволи за времен престој и работни дозволи, можноста за поголема либерализација на трговијата, особено во делот за земјоделски и прехранбени производи и сл. Бизнисмените ја поздравија иницијативата на Владата за основање на финансиски, здравствени и туристички развојни зони.
„Турција е на осмо место како значаен трговски партнер на Македонија, при што извозот од Македонија е во вредност од 67,5 милиони долари, а увозот 374,1 милиони долари. Да потсетам дека неодамна премиерите на двете држави ветија дека трговската размена треба достигне милијарда американски долари, што остава простор за продлабочување на економската соработка и на ниво на држави и на ниво на деловни субјекти“, рече министерот Незири, укажувајќи на значењето на вакви средби за двете страни.
Тој потенцираше дека законската регулатива се креира во насока на подобрување на инвестициската клима во земјата, а ревизијата на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји бара посебно внимание со оглед на преголемата разлика во индустриско – аграрната развиеност на двете земји. Што се однесува до прашањата кои се во надлежност на другите институции, министерот Незири им вети на турските бизнисмени дека ќе ја запознае Владата со очекувањата и плановите на МАТТО и нејзините членки./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

