Свет
Абас ја повика ЕУ да ја признае независна Палестина
„Ештон одговори дека за ова прашање (признавање на државноста) сè уште се дебатира во кулоарите на Европската унија. За ЕУ приоритет е продолжувањето на мировниот процес“, додаде Орејкат.
Претседателот на Палестинската национална администрација (ПНА) Махмуд Абас ја повика Европската унија (ЕУ) да ја признае Палестина „еднострано или колективно“, јавија денеска локалните медиуми.Повикот на претседателот Махмуд Абас бил упатен за време на неговата средба во петокот доцна навечер одржана во Рамалах на Западниот Брег, со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон којашто во четвртокот допатува во посета на Израел и палестинските територии. Како што изјави Саеб Орејкат, член на извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) по средбата со Ештон, во моментов шест европски земји (коишто тој не ги именува) ја имаат признаено палестинска држава и кај нив има воспоставени амбасади на Палестина, а палестинските власти се надеваат дека и преостанатите 21 земја ќе ја признаваат независната палестинска држава. „Ние побаравме од ЕУ да ни помогне во справувањето со ова прашање во септември во Обединетите нации за признавање на Палестина во рамките на границите од 1967 година“, изјави Орејкат кој е и главен палестински преговарач. „Ештон одговори дека за ова прашање (признавање на државноста) сè уште се дебатира во кулоарите на Европската унија. За ЕУ приоритет е продолжувањето на мировниот процес“, додаде Орејкат.На крајот од март годинава, Махмуд Абас изјави дека очекува прогласување на независност на Палестина и признавање на нејзината државност во септември 2011 година. Палестинската управа (односно Палестинската национална администрација – ПНА) настојува да воспостави независна држава во рамките на границите од 1967 година, и се надева дека во текот на меѓународните преговори, Израел ќе ги повлече своите војници од окупираните по војната во 1967 година од палестинските територии – на Западниот Брег, во Газа и во источен Ерусалим. На оваа територија ПНА сака да се формира палестинска држава со главен град Источен Ерусалим. Меѓутоа Израел одбива да се врати на границите од 1967 година и не сака воопшто да биде поставено прашањето на Ерусалим, кој го прогласи за своја „вечна и неделива престолнина“.Дијалогот за параметрите на конечниот договор меѓу Израел и Палестинците беше прекинат во септември 2010 година поради разликите во пристапите на двете страни при решавање на проблемот со изградбата на населбите за израелските доселеници.Американскиот претседател Барак Обама изјави во мај дека основа за решавање на израелско-палестинскиот конфликт треба да биде враќањето на Израел на границите од 1967 година. Партиципиентите во ткн „четворка“ (Русија, ЕУ, ОН, САД) ја поддржаа иницијативата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одби овој предлог, тврдејќи дека враќањето на Израел на старите граници, ќе ја направи еврејската држава незаштитена од заканите. /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште успева да ја одржи клучната логистика. Тој зборуваше за ова во своето вечерно обраќање, објави „Украинска правда“.
„Важно е клучната логистика да се одржува насекаде. Оваа недела, руската војска речиси секој ден ги таргетира железниците. Денес, во Черниговската област беше извршен целен напад врз воз кој требаше да превезува патници истиот ден“, рече Зеленски, споменувајќи ги неодамнешните напади врз железничката инфраструктура во Харковскиот и Дњепропетровскиот регион. „Би сакал да им се заблагодарам на сите што ги штитат украинските железници и обезбедуваат континуирано и непречено работење на нашите украински железници.“
Украинските железници претходно потврдија дека руските сили извршиле напад врз железничката инфраструктура во Черниговската област во ноќта меѓу 7 и 8 февруари.
Зеленски, исто така, ја нагласи и итната потреба од помош од партнерите, особено во однос на ракетите за воздушна одбрана.
„Ракетите за воздушна одбрана се потребни секој ден. Заштитата од руските балистички напади е потребна секој ден. Денес, балистичките ракети повторно го погодија регионот на Киев. Ниту една земја во светот не треба да биде оставена сама и без помош при вакви напади и во таква војна“, рече тој.
Свет
(Видео) Се урнаа згради во Либан: шест лица загинаа
Најмалку шест лица загинаа, а седум други беа повредени кога две соседни згради се урнаа во либанскиот град Триполи во неделата, а уште луѓе се заробени под урнатините, изјави локален функционер.
🤳 #Video | A building collapsed Sunday on Syria Street in the Bab al-Tabbaneh neighborhood of Tripoli, northern Lebanon pic.twitter.com/srGCs4mVC0
— L'Orient Today (@lorienttoday) February 8, 2026
Абдел Хамид Кариме, зборувајќи на прес-конференција во Триполи, не кажа колку уште луѓе би можеле да бидат заробени под урнатините во северниот округ Баб ал-Табане.
A building in Al-Tabaneh in Tripoli collapsed today.
It's imperative Tripoli returns to Syria so it stops being neglected by the state 🇸🇾🇱🇧.pic.twitter.com/RagNyFA8SG
— Ibn Beirut 🦅🇱🇧 (@HasanAlBeiruti) February 8, 2026
Претходно, шефот на службата за цивилна заштита на Либан изјави дека 22 лица живееле во урнатите згради. Спасувачите и жителите досега извлекле три лица живи од урнатините, објави либанската државна новинска агенција.
Регион
„Ова се ужасни работи“ – Балканската естрада вознемирена од инцидентите со Здравко Чолиќ и Даниел Кајмакоски
Откако кон куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ неодамна беше фрлена бомба, само неколку дена подоцна беше киднапиран македонскиот пејач кој живее во Србија, Даниел Кајмакоски. Овие настани предизвикаа загриженост кај фановите, но и естрадата во таа земја, пишуваат српските медиуми.
Додека полицијата и надлежните органи интензивно ги истражуваат околностите на двата инцидента, јавноста ги следи деталите, а некои од српските пејачи сега се соочуваат со страв, пришто во јавноста се отвори и темата за приватно обезбедување.
Mеѓу првите што реагираа беше пејачот Бане Мојиќевиќ, кој не го криеше својот шок.
„Ужасно е, искрено не се плашам за мојата безбедност, ниту за безбедноста на моето семејство, но ете, се случува, се надевам дека Даниел е добро“ рече Бане.
Пејачката Каја Остојиќ, пак, призна дека по нападот врз куќата на Чола, сериозно сфатила дека треба да се грижи за својата безбедност.
Таа рече и дека ја чува обезбедување.
Пејачката се осврна на неодамнешните настани на сцената и го коментираше бомбардирањето на куќата на Здравко Чолиќ, како и бомбардирањето на барот на нејзиниот поранешен сопруг.
Имено, Каја Остојиќ истакна дека има многу да каже, но дека ќе зборува за тоа кога ќе дојде време:
„Мојот прв импулс беше да помислам дека е грешка. Се зборува секакви работи и ми се гади. Сега пишуваат и дека го киднапирале мојот колега Даниел. Се случуваат работи што мора да ни пречат. Не знам зошто сме толку таргетирани. Порано, немав обезбедување цело време, но во последната година почнав да го практикувам тоа. Имам многу да кажам, но ќе зборувам за тоа кога ќе дојде време“, заклучи Каја во емисијата „Премиера – Викенд специјал“, пренесе „Телеграф“.
Во Премиера – викенд специјал, зборуваше и Елма Синановиќ, а на самиот почеток го коментираше киднапирањето на Даниел Кајмаковски:
„Ова се ужасни работи, не знам што се случува “, рече Елма, а потоа се сети што се случи пред дваесет години:
„Беше почеток на 1997 година, купивме стан во Белград, јас бев пред породување, купував работи, и едно утро мојот сопруг го напушти станот и не можеше да го најде автомобилот. Ни ги украдоа автомобилите. Имав и ситуација каде што моите семејни пријатели ми ја украдоа компанијата, измамнички ми ја зедоа компанијата, ме натераа да потпишам полномошно. Верував, но верувам во правдата, дека сè ќе биде во ред“, рече Елма.
Таа се осврна и на нападот врз вилата на Здравко Чолиќ:
„Видов сè, ужасно е, жал ми е што го слушам тоа, го обожавам Чола, му се восхитувам, тој е најголемата ѕвезда, но тоа им се случува на најдобрите. Морам да кажам дека немам обезбедување, ниту пак ми треба, ако треба, ќе има“, рече Елма.
Пејачката Теа Таировиќ се најде на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде новинарите ја прашаа дали слушнала дека нејзиниот колега Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа во Белград, а Теа беше шокирана од оваа информација.
– Ве молам? Дали е ова шега? Телефонот ми беше исклучен и воопшто не видов што се случува. О, Боже – изјави пејачката, а кога новинарите ѝ објаснија како изгледало киднапирањето, како и како пејачот бил спасен, Теа останала целосно збунета.
Потоа ја прашале и дали стравува за својата безбедност.
„Далеку било, не дај боже“, повтори Таировиќ, а потоа следел коментарот на новинарката дека нема од што да се плаши бидејќи има сопруг покрај себе, па овој разговор завршил со насмевки, пишуваат српските медиуми.

