Свет
Разрешена правобранителката Лега, Мијалков директор на УБК

Нема непотизам во назначувањето на Сашо Мијалков, братучед на премиерот Никола Груевски, за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање
Нема непотизам во назначувањето на Сашо Мијалков, братучед на премиерот Никола Груевски, за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање
Нема непотизам во назначувањето на Сашо Мијалков, братучед на премиерот Никола Груевски, за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој и пред да стане Груевски премиер извршуваше функции во безбедноста, а беше и државен советник за безбедност.
Ова е објаснувањето на Владата по реакциите што ги предизвика назначувањето на Мијалков на првата седница на кабинетот на Груевски. Љупчо Тодоровски е назначен за директор на Бирото за јавна безбедност, директор на Службата за општи и заеднички работи е Васил Доневски, на Царинската управа – Томе Тасевски, на Агенцијата за вработување е назначен Стојче Тапанџиевски, а на Дирекцијата за слободни економски зони – Ивица Георгиевски.
На седницата помногубројни биле разрешувањата. Стотина вршители на јавни функции ја изгубија фотелјата. Разрешени се јавната правобранителка Зоја Лега, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија, агенциите и на фондовите што се надлежност на Владата.
Објаснувањето за Лега било дека таа не си ја извршувала добро својата функција и оти нејзиното име било замешано во повеќе големи корупциски скандали, пред се’, во аферите „Бачило“ и „УПА“, во кои таа не ги презела сите законски мерки за да ги заштити интересите на државата. И Петра Митева, која сегашната власт ја обвини како главен актер во аферата „УПА“ од вчера не е веќе директорка на Управата за јавни приходи.
Разрешени се директорот на Казнено-поправниот дом „Идризово“ Јовица Стојановиќ, на струшкиот отворен затвор – Андрија Мечкаровски, но и на сите други затвори во градовите од внатрешноста. Сменет е и Костадинчо Ефремов, директорот на Управата за извршување санкции.
Слободен Чокревски не е веќе директор на Ветеринарната управа, како и Илир Мехмети во Управата за цивилна и воздушна пловидба, Фјодор Доброхотов во Управата за наменско производство и Никола Колевски во Државниот пазарен инспекторат.
Комисијата за односи со верските заедници нема да ја предводи Цане Мојановски. Разрешен е и директорот на Агенцијата за млади и спорт Георги Трајчев.
Во Владата не знаат кога ќе бидат назначени нови вршители на овие функции, но објаснуваат дека дотогаш должноста ќе ја извршуваат старите.
(С.К.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Да го направиме блискиот Исток повторно голем“, нагласува Трамп.
Свет
Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.
– Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, „претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре“, се додава во соопштението.
Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта