Свет
Незгода на астронаутите при престојот во Вселената
Вжештената материја којашто во средата го погоди во око американскиот астронаут и речиси ја прекина неговата работа во отворениот космос било средство за одмаглување на шлемот, пренесува Асошиетед прес повикувајќи се на главниот менаџер на мисијата за вселенската прошетка, Алисон Болинџер.
Вжештената материја којашто во средата го погоди во око американскиот астронаут и речиси ја прекина неговата работа во отворениот космос било средство за одмаглување на шлемот, пренесува Асошиетед прес повикувајќи се на главниот менаџер на мисијата за вселенската прошетка, Алисон Болинџер.На прошетка во отворениот космос во средата излегоа астронаутите на американската агeнција за вселенски истражувања NASA, Ендрју Фјустел и Мајкл Финк. Претходно беше соопштено дека астронаутите работеле во вселената пет часа, кога Фјустел почувствувал силно печење во десното око. Според Болинџер, болката кај Фјутсел била предизвикана од стандардното средство против замаглување со кое се обработуваат шлемовите на астронаутите пред секое излегување во Вселената. Кога невнимателно ќе се нанесе ова средство, капки од него може да се одделат од шлемот и да капнат од внатрешната страна на шлемот и да навлезат во очите на астронаутот кој работи во отворениот космос. Фјустел и Финк се подготвиле да ја прекинат работата и да се вратат на Меѓународната вселенска станица (ISS), но Фјустел сепак успеал ја реши својата незгода. Како што изјавил Болинџер, во внатрешноста на шлемот астронаутот има можност да искористи пластичен блок кој е дизајниран токму за тоа – на пример при солзење на очите. По оваа постапка, Фјустел се чувствувал многу подобро и продолжил со работа. Искусни астронаути за Асошиетед прес изјавија дека солзењето во космосот е многу непријатно и истовремено необично чувство – солзите не течат од очите, туку се акумулираат во нив. Вселенскиот шатл Индевоар, за кој овој лет во Вселената ќе биде последен, на 18-ти мај се спои со Меѓународната вселенска станица. Астронаутите ги имаат веќе извршено три од четирите планирани излези во отворениот космос, а при вториот во неделата исто така учествуваа Фјустел и Финк. Третиот излез започна во 07,46 и траеше до 14,37 часот по македонско време во средата. Непланираните проблеми не ги спречија астронаутите да ги извршат сите задачи од програмата за излез во отворениот космос. Според предвиденото, Индевоар треба да се одвои од станицата на 30-ти мај и на 1-ви јуни да се врати на Земјата. Ова е последниот лет во вселената на Индевоар и претпоследниот до американската „спејс шатл“ програмата./крај/ап//рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН предупредува: Двегодишната војна избриша децении развој на Палестина
Двегодишната војна во Газа и економските ограничувања на Западниот Брег, окупиран од Израел, предизвикаа најлош колапс на палестинската економија во историјата, бришејќи ги претходните децении раст, се вели во денешниот извештај на Обединетите нации.
Палестинската економија на Западниот Брег и Газа се намали за 30 проценти во 2024 година во споредба со 2022 година – референтната година што се користи за мерење на влијанието на двегодишната војна меѓу Израел и Хамас, се вели во извештајот на Агенцијата за трговија и развој на ОН (УНКТАД).
„Продолжената воена операција во комбинација со продолжените ограничувања ја турна економијата на окупираната палестинска територија во најдлабоката бездна во историјата“, изјави за новинарите во Женева, заменик-генералниот секретар на УНКТАД, Педро Мануел Морено.
БДП по глава на жител сега се врати на нивоата од 2003 година, целосно бришејќи 22 години развојни придобивки, се вели во извештајот, опишувајќи ја кризата како една од 10-те најлоши во светот од 1960 година.
Обемот на штетата нанесена на Газа по двегодишната војна меѓу Израел и Хамас значи дека енклавата ќе зависи од широка меѓународна поддршка во наредните години, се вели во извештајот.
„Ќе бидат потребни со децении Газа да произведе повеќе отколку што произведуваше пред конфликтот и целосно да се опорави, и тоа, се разбира, ако се исполнети сите услови и ако се движат во вистинската насока“, рече економистот на УНКТАД, Рами Ал Азех, на истиот брифинг.
Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 10 октомври, но израелските воздушни напади продолжија, помошта пристигнува многу бавно, условите за живот во Газа остануваат многу тешки, а според планот на Трамп, ефективната поделба на територијата се смета за ризична.
Свет
Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД
Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер за CNN, зборувајќи под услов на анонимност. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека треба да се заврши уште многу работа.
Изјавата на американскиот функционер дојде додека американскиот секретар на армијата беше во Абу Даби на состаноци со руски функционери во врска со предлогот на администрацијата на Трамп.
„Украинците се согласија на мировен договор. Постојат некои мали детали што треба да се решат, но тие се согласија на мировен договор“, рече тој.
Ставот на САД се чини дека е пооптимистички од јавните изјави на украинските функционери, чија делегација е исто така во Абу Даби и е во контакт со министерот за копнени сили, Ден Дрискол.
Украинскиот секретар за национална безбедност Рустем Умеров објави на социјалната мрежа X дека делегациите „постигнале заедничко разбирање за клучните услови од договорот дискутиран во Женева“.
„Сега сметаме на поддршката од нашите европски партнери во нашите понатамошни чекори“, напиша Умеров. Тој додаде дека Украина со нетрпение очекува да ја организира посетата на Зеленски на САД за „да ги заврши последните чекори и да постигне договор со претседателот (Доналд) Трамп“.
Самиот Зеленски објави на X порано утрово: „По состаноците во Женева, гледаме многу перспективи што можат да го направат патот кон мирот реален. Има солидни резултати и уште многу работа претстои“.
Во меѓувреме, потполковник Џеф Толберт, портпарол на секретарот Дрискол, рече дека разговорите меѓу делегациите на САД и Русија во Абу Даби „одат добро и ние остануваме оптимисти“.
Свет
Украинците признаа: Покровск е претежно изгубен
Украински извори потврдија дека поголемиот дел од градот Покровск во регионот Донецк паднал под контрола на руските сили, пишува „Украинска правда“, која во опширна анализа го опишува драматичното влошување на ситуацијата на терен.
Според „Украинска правда“, повикувајќи се на извор од Покровск, руските сили го држат речиси целиот град.
„Покровск е во голема мера изгубен. Украинските позиции сè уште постојат на северните рабови на градот; сепак, поголемиот дел од Покровск е под контрола на окупаторите. Целиот дел од населбата под железничката линија што го пресекува градот на половина, според информациите на УП, го држат Русите. Достапните информации покажуваат дека контактната линија се наоѓа речиси по северниот раб на градот“, изјавил извор за „Украинска правда“.
Според нивните извори, обидите за последователно чистење на градот од Русите биле доцна и не можеле да донесат резултати бидејќи веќе имало премногу руски војници во областа.
Како што пишува „Украинска правда“, украинските сили прво постигнале одреден напредок во соседното село Родински – низ кое минува еден од главните пристапни патишта (Добрепоље-Покровск), но потоа селото повторно паднало под руска контрола.
Околу август оваа година, Русите воспоставија речиси целосна доминација на беспилотни летала над воздушниот простор на Покровск, во голема мера благодарение на една од нивните најефикасни единици за беспилотни летала – Рубикон.
Оваа промена целосно ја наруши логистиката на украинските позиции, ги направи ротациите на единиците невозможни и ја направи нормалната одбрана невозможна.
Според „Украинска правда“, украинските одбранбени сили сè уште немаат ефикасно решение за потиснување на руските оператори на беспилотни летала, што е една од клучните причини за падот на градот.
УП заклучува дека ситуацијата на терен е значително полоша отколку што сугерираат официјалните мапи и дека Покровск, во оперативна смисла, е веќе изгубен.

