Македонија
СДСМ: Најсиромашните африкански земји со подобро здравство од Македонија

Дури и најсиромашните африкански земји имаат подобро државно здравство од она што го направи Груевски во изминативе четири години, обвинува СДСМ.
Дури и најсиромашните африкански земји имаат подобро државно здравство од она што го направи Груевски во изминативе четири години, обвинува СДСМ.
„Четири години Груевски лажно ветува нова медицинска опрема во вредност од 40 милиони евра. Четири години јалови ветувања, четири години нула инвестиции во здравството. Половината на вредноста на ова е лажно ветување, Груевски го троши на изградба на камења, бетон, восочни фигури во музејот на ВМРО, чија изградба ќе чини најмалку 20 милиони евра“ вели Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ.
Тој обвини дека на Клиниката за радиологија веќе 9 месеци не работи апаратот за снимање на крвните садови, а во последниот месец не работел ниту апаратот за магнетна резонанца.
Заради ваквата состојба, според Станковиќ, пациентите се приморани да плаќаат од својот џеб и по 10 до 30 илјади денари во приватните установи.
СДСМ го прашува Груевски, дали планира да ги намали платите на здравствените работници, како и дали е точно дека заради партиските вработувања постојат здравствени установи каде 80 отсто од буџетот наменет за здравствени услуги се трошат на плати, а само 20 отсто се користат за потребите на пациентите. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со појава на нестабилност и краткотраен пороен дожд

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Во недела и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Церемонија на свечено менување на државното знаме пред претседателската вила во присуство на основци од Скопје

Ученици од скопските основни училишта „Ѓорѓија Пулевски“, од општина Аеродром, „Св. Климент Охридски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода, денеска го посетија Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Придружени од своите наставници, учениците ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме. Оваа церемонија се одржува секој втор петок во месецот и се реализира од Баталјонот за почести при македонската армија како израз на почит кон македонското знаме, како државен симбол.
По завршувањето на свечениот чин, младите посетители ги разгледаа просториите на Кабинетот и разговараа со претседателката за нејзините работни обврски, но и за личниот живот, почнувајќи од детството, школските и студентски денови, како и професорската кариера.
Во разговорот со учениците, претседателката ги охрабри да учат и да веруваат во себе, да го почитуваат знаењето, оти тоа ќе ги направи компетитивни, сигурни и успешни.
Македонија
Авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје информира дека на ден 11.05.2025 година (Недела) во раните утрински часови ќе се изврши Авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист термин, велат надлежните.
Се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите.