Свет
Пресуда за лидерот на Црвените Кмери

Судот во Камбоџа во понеделник треба да ја изрече првата пресуда на судењето на поранешниот водач на Црвените Кмери, Каинг Гаек Еав, обвинет за воени и злосторства против човештвото, пренесува српската агенција Бета.
Судот во Камбоџа во понеделник треба да ја изрече првата пресуда на судењето на поранешниот водач на Црвените Кмери, Каинг Гаек Еав, обвинет за воени и злосторства против човештвото, пренесува српската агенција Бета.Во времето на режимот на Пол Пот од 1975 до 1979 година, Еав, попознат како Дач, го водел злогласниот таен затвор Тоул Сленг (С-21), во кој што биле затворани „државните непријатели“.На 77-дневното судење Еав признал дека го надгледувал мачењето и убиствата на околу 16.000 мажи, жени и деца во затворот. Судењето на управникот на затворот Тоул Сленг, е првиот обид некој од припадниците на Црвените Кмери да се осуди за смртта на околу 1,7 милиони луѓе./крај/бета/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Експлозии во индискиот дел на Кашмир неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот

Силни експлозии се слушнаа низ градот Сринагар во индискиот дел на Кашмир само неколку часа по прогласувањето на прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан.
„Што, по ѓаволите, се случи со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Сринагар“, рече Омар Абдула, претседателот на владата на Џаму и Кашмир, во објава на платформата Икс.
This is no ceasefire. The air defence units in the middle of Srinagar just opened up. pic.twitter.com/HjRh2V3iNW
— Omar Abdullah (@OmarAbdullah) May 10, 2025
Индискиот политичар Харш Сангави објави: „Неколку дронови се забележани во округот Куч. Сега ќе биде воведено целосно затемнување. Ве молиме, останете безбедни, не паничете.“
Министерот за образование во пакистанскиот дел од Кашмир објави дека судирите продолжуваат по должината на де факто границата со Индија.
Соработник на Си-ен-ен извести за серија експлозии вечерва по локално време, по што следел прекин на електричната енергија. Причината за експлозиите сè уште не е јасна.
Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.