Македонија
Казнети 13 здравствени установи
Поради неправилностите кај боледувањата казнети се 13 здравствени установи, додека на 20 установи им е изречена опомена за отклонување на неправилностите.
Како што соопштија од ФЗОМ Владата ги одобрила овие вработувања минатата недела поради констатирани неправилности во здравствените установи.
По контролите извршени минатата година, во 14 здравствени установи не бил запазен критериумот за дијагностички минимум при издавање на боледување, во седум не бил исполнет критериумот за апсолутна и релативна спреченост на работа, а во 12 здравствени установи била констатирана неуредна медицинска евиденција.
Фондот за здравство извршил 302 контроли на боледувања при што биле констатирани неправилности кај 33 боледувања.
Осумнаесет доктори ќе бидат вработени со цел зајакнување на капацитетите на ФЗОМ во делот на одделението за мобилна и дежурна контрола, одделението за внатрешната контрола и лекарските комисии за оценка на спреченост на работа на ФЗОМ.
Како што соопштија од ФЗОМ Владата ги одобрила овие вработувања минатата недела поради констатирани неправилности во здравствените установи.
За шест здравствени установи изречена е договорна казна и во тек е административна постапка за известување, информираат од ФЗОМ. Последните вработувања се надвор од најавените 280. /крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

