Македонија
Скопје живее за први април
Калуѓерки и вештерки, гангстери и политичари, бебиња и старци седеа на иста маса низ кафеаните и кафе баровите во Скопје, за Денот на шегата.
Калуѓерки и вештерки, гангстери и политичари, бебиња и старци седеа на иста маса низ кафеаните и кафе баровите во Скопје, за Денот на шегата.
И покрај тоа што оваа година плоштадот Македонија, како место на кое секоја година маскираните шегаџии спонтано се собираа за 1ви април, не беше достапен, скопјани, во вечерните часови си пронајдоа катчиња за да ги продефилираат своите маски и добро да се насмеат и забавуваат.
Кафе баровите и кафеаните беа преполни со радосни маскирани ликови кои уживаа во пролетта а богами и во цигарите кои конечно можеа да ги запалат на терасите.
Едни од најзабележливите маски на вечерта беа: еден газда на кафе бар автентично претворен во бебе, една движечка туш кабина, целата дружина од „Алиса во земјата на чудата“ и многу други.
Како што проаѓа времето, скопјани, без организација, но со многу идеи и желби за добар провод, 1ви април – Денот на шегата го претворија во свој неформален „карневал“. За многу години!. /крај/ко/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото „Матка“
Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои се наоѓале спроти ресторан „Кањон Матка“, на другата страна од езерото, односно акумулацијата „Матка“ и истите информирале дека се изгубиле и не можат во мракот да се движат, па побарале помош да преминат од спротивната страна каде што се наоѓа ресторанот и пешачката патека.
За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека дека за ова веднаш биле известени ПС Сарај и Општина Сарај и според повратните информации за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка“, извести ЦУК.
Скопје
ЦУК: Ќе се одглавуваат автомобилите кои заглавија на патот меѓу Горно Нерези и Средно Водно
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје известува дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возило и апелирале истиот да не се користи поради голомразица.
Вчера на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина за да се интервенира, извести ЦУК.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.