Свет
ОН ја запира набљудувачката мисија во Сирија

Шефот на набљудувачката мисија на Обедиентите нации во Сирија, норвешкиот генерал Роберт Муд, во саботата изјави дека ја запира работата на мисијата поради ескалирање на насилствата во земјата.
Според соопштението, запирањето на работата на невооружените воени набљудувачи со мандат на ОН е последниот сигнал дека не функционира планот на специјалниот претставник на ОН и Арапската лига за Сирија, Кофи Анан, за мирно надминување на конфликтот, бидејќи на повиците за прекин на огнот ги игнорираат и владините војски и вооружената сириска опозиција.
„Набљудувачите не можат да ги спроведуваат плановите за патролирање и остануваат на местата на нивното распоредување до следните упатства“, се вели во соопштението на генералот Роберт Муд.
Тој, исто така, истакнува дека продолжувањето на мисијата е преголем ризик во моментов за самите набљудувачи.
Сириската Опсерваторија за човекови права (OSDH) којашто ја цитираат особено западните агенции, во саботата објави дека седум цивили меѓу кои три жени, се убиени утрово во градот Дума, 13 километри североисточно од Дамаск, во гранатирање од страна на сириската војска. Според Опсерваторијата, во градот Хомс загинале пет цивили. Според активистите на оваа огранизација со седиште во Лондон, во петокот во Сирија во борбите загинале 54 луѓе.
Опсерваторијата побара од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун итно да интервенира и да го сопре гранатирањето на градот Хомс, за да може да се евакуираат околу илјада семејства коишто се наоѓаат во обрач./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.