Македонија
Палестинците го слават помирувањето
Претставници на палестинските фракции се собраа денеска во Каиро за да го одбележат историскиот договор за помирување , кој беше потпишан вчера, јавува Al Jazeera
Калед Мешаал, лидерот на движењето „Хамас“, кое го контролира Појасот Газа и Махмуд Абас, палестинскиот претседател и лидер на Фатах се сретнаа лице в лице за прв пат по 2006 година, кога по краткиот вооружен конфликт, Фатах и Абас беа протерани од Газа. „Прогласуваме дека Палестинците засекогаш ја затворија црната страница на поделбите“, изјави Абас на церемонијата., која се одржа во седиштето на египетската разузнавачка агенција. На церемонијата присуствуваа и претставници на Обединетите нации, на Европската унија и на Арапската лига.Договорот за единство, потпишан вчера, цели да стави крај на кавгата помеѓу двете идеолошки спротивставени фракции. Со договорот се отвора патот кон претседателски и парламентарни избори во рок од една година. Договорот веднаш го отфрли официјален Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го окарактеризира како „силен удар врз мировниот процес меѓу Израел и Палестинците“. „како да склучиме мир со влада кога половина од неа повикува на уништување на Израел и го глорифицира убиецот Осама бин Ладен?“, вели Нетанјаху.и го повика Абас целосно да го поништи договорот со Хамас и да го одбере патот на мир со Израел. Израел, САД и ЕУ го сметаат Хамас за терористичка организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.