Македонија
Жените – потенцијален пазар за тутунската индустрија
Тутунската индустрија се повеќе е насочена кон жените. Рекламирањето на тутунските производи од страна на жените, во целиот свет се повеќе зема замав, регрутирајќи се повеќе жени и девојки корисници на тутунот.
Тутунската индустрија се повеќе е насочена кон жените. Рекламирањето на тутунските производи од страна на жените, во целиот свет се повеќе зема замав, регрутирајќи се повеќе жени и девојки корисници на тутунот.
За таа цел, тема на овогодишниот Светски ден против пушењето е “Полот и пушењето“. СЗО ги повикува владите да ги забранат сите форми на рекламирање, промоција и спонзорство на тутунските производи.
Од вкупно една милијарда пушачи во светот, околу 200 милиони се жени. На европско ниво, околу 21 отсто од сите жени се пушачи.
„Овие податоци се поврзани со зголеменото рекламирање на тутунските производи кои го поврзуваат пушењето со женската убавина, луксуз, зголемување на моќта и здравјето, а се повеќе се насочени кон помладите генерации“ изјави професорот Моме Спасовски.
Во нордиските земји и некои западноевропски држави стапките на пушење кај мажите и жените се слични и се намалуваат.
Во централна и источна Европа, пушат повеќе мажи отколку жени, но стапките помеѓу жените се доста високи.
Во државите од поранешниот Советски сојуз, стапките на пушење се високи помеѓу мажите, а се релативно ниски кај жените. Во Ерменија 61 отсто од пушачите се мажи, а само 3 отсто се жени.
Пушењето го зголемува ризикот кај жените за добивање на повеќе видови рак, предупредува СЗО. Тука ги споменуваат рак на устата, грлото, фаринксот, хранопроводот, ларинксот, мочниот меур, панкреасот.
Катедрата за социјална медицина при медицинскиот факултет во Скопје спроведе истражување чија целна популација се сите студенти на трета година од Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет и Високите школи за стручни медицински сестри.
Истражувањето покажало дека на сите факултети повисок е бројот на мажи пушачи, отколку жени. Најмногу пушат студентите на стоматологија, дури 52.5 отсто.
Висока е и бројката на студенти, пушачи, кои сакаат да се откажат од пушењето. Околу 78 отсто од студентите на медицина, сакаат да престанат со пушењето, 55,9 отсто од студентите на стоматологија сакаат да се откажат од пушењето, 61,5 отсто на фармација, а 42,2 отсто од медицинските сестри.
Една од стратегиите за намалувањето на смртните случаи предизвикани од пушење е поддржување на вклучувањето на здравствените работници во превенцијата од употреба на тутун. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

