Македонија
ВМРО-ДПМНЕ:Фондацијата СОРОС ги корумпира медиумите
Фондацијата на СОРОС во Македонија, предводена од поранешниот висок функцинер на СДСМ Владимир Милчин, преку спонзорирање и финансирање проекти, ги корумпира медиумите и тоа го прави селективно.
Ова денеска, на прес конференција го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски.
Според него, за секторот медиуми СОРОС Македонија за 2010 г. издвоила повеќе од 150.000 евра, од кои, како што рече, „само за една емисија водителот и националната тв-станица што ја емитува, препознатлива по своето проопозиционо и антивладино делување, добиваат дури 37.000 евра годишно“.
„Најмалку 310 илјади евра за оваа година им се дадени на пет новинари кои ја формирале Граѓани за европска Македонија ГЕМ која држи трибини низ Македонија и јавно се залага за промена на името на државата. Тоа е организацијата што ја сочинуваат Владимир Милчин, извршен директор на СОРОС, Бранко Геровски главен и одговорен уредник на весникот “Шпиц”, Никола Гелевски, Жарко Трајановски и Роберто Беличанец“, рече Бичиклиски.
Тој праша дали тие пари се пријавени во Управата за јавни приходи и дали Милчин ги дава на сметка или на рака.
Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Фондацијата СОРОС Македонија за годинава потрошила 39.400 евра за обука на новинари, повторно од „медиумите кои се во функција на СДСМ“.
„Очигледно дека СОРОС со овие активности, но и уште многу други познати и непознати за јавноста финансиски трансакции, подгрева антивладина атмосфера и директно ја спроведува агендата и стратегијата на СДСМ, содржана во Надеж. Очигледно аферата Надеж има свој продолжеток, овој пат тоа е новата Фабрика СОРОС“, рече Бичиклиски.
Тој го оцени однесувањето на фондацијата СОРОС како неприфатливо за демократско општество и праша дали претпоставените на Милчин знаат дека СОРОС Македонија е „крајно исполитизирана и е продолжена рака на политичката партија СДСМ“. /крај/со/фо
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија
Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, информира министерот, Александар Николоски.
Тој вели дека целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија и потенцира дека досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај.
„Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди“, вели Николоски.
Тој додава дека се очекува со воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.
Николоски најави дека Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

