Македонија
Законот за пушење актуелен и на „Фејсбук“
Законот за забрана на пушење на јавни места, што во Македонија стапи на сила од почетокот на годината, стана актуелен и на познатата социјална мрежа на интернет „Фејсбук“, јавува Макфакс
Поделбата на поддржувачи и противници на овој закон силно е изразена и на „Фејсбук“. Противниците на Законот формираат разни групи, со кој што се бара укинување на законот, додека поддржувачите формираат групи, преку кој што го изразуваат задоволството од новиот закон. Меѓу попознатите групи, формирана од пушачите, е „Петиција против Законот за пушење на Цигари“, во која досега се зачлениле 17.280 корисници на „Фејсбук“. Авторите на групата сметаат дека Законот е усвоен под директиви на Европската унија, поради што ги молат членовите да се воздржат од политички коментари.„Ве молиме да нема партиски препукувања, зашто и друг да е на власт баш исто ќе е. Наредбите се од ЕУ, а не од самите политичари“, навел администраторот.Наспроти оваа група, на „Фејсбук“ е формирана и групата „Конечно се забрани пушењето на јавни места!“, која брои 12.429 членови.„Конечно не го дишеме неподносливиот чад од цигарите по кафулиња, дискотеки, ресторани, кафеани и други јавни места“, се наведува во описот на групата. Дебатите околу законот за пушење во јавноста се се’ позачестени, а повеќе групи на граѓани побараа и одредена либерализација на законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

