Свет
Верска нетрпеливост мотив за нападите во Норвешка
Триесетгодишник осомничен дека е извршителот на двата напада со смртни последици извршени во петокот во Осло и околината, непријателски е расположен кон исламот, соопшти во саботата норвешката полиција, ненаведувајќи ги директните мотиви за злосторството
Истрагата на норвешката полиција спроведена по вчерашните напади дошла до изјави кои осомничениот ги објавил на интернет во кои може да се препознае дека „му е блиска десницата и дека е непријателски расположен спрема муслиманите“, изјави за норвешката телевизија , началникот на полицијата во Осло, Свеинунг Спронхеим. Тој додаде дека е се’ уште рано да се каже кои биле вистинските мотиви за нападите.Во петокот најмалку 87 лица загинаа во експлозијата пред зградата на норвешката влада во Осло и во пукотниците кои следеа потоа на еден од островите и во околината на норвешката престолнина, каде се одржуваше летен камп на лабуристичката младина. Во петокот попладне норвешката полиција соопшти дека го уапсила 32-годишниoт Норвежанец кој е осомничен за вмешаност во двата напада, но не го потврди неговиoт идентитет кој се појави во медиумите.Норвешката телевизија TV1 ја објави фотографијата и името на осомничениот, кого го идентификуваше како Андерс Bехринг Брејвик. Според норвешките медиуми, најверојатно цел на нападот биле норвешките лабуристи кој се na власт во земјата, пред се’ кабинетот на премиерот Јенс Столтенберг, кој во моментот на експлозијата не бил во владата, и министерствата во близината, како и летниот камп за студенти организиран од подмладокот на лабуристите кој се одржувал 40-ина километри подалеку на островот Утоија. Во кампот престојувале повеќе од 600 студенти, а некои од нив барајќи спас скокале во вода, наведуваат норвешките медиуми.Исто така, се наведува и дека осомничениот за нападите бил близок на крајната десница и поседувал повеќе парчиња оружје регистрирани на негово име. Според очевидци, напаѓачот бил маскиран како полицаец и бил вооружен со автоматски пиштол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

