Македонија
Лилјана Ѓоргиевска сведочеше за собранискиот инцидент од 1. јули
Претседателката на координативното тело на стечајни работници, Лилјана Ѓоргиевска, беше сослушана од членовите на Анкетната комисија што го испитуваат собранискиот инцидент од 1. јули.
Претседателката на координативното тело на стечајни работници, Лилјана Ѓоргиевска, беше сослушана од членовите на Анкетната комисија што го испитуваат собранискиот инцидент од 1. јули. Таа пред нив рече дека стечајните работници не направиле никаков испад, откако предлог – законот за обесштетување на стечајците не помина во собранието.
Според нејзиниот исказ, во галеријата на Собранието за време на гласањето присуствувале тројца претставници на стечајците, бидејќи само толку од нив претходно добиле дозвола од собранискиот спикер Вељаноски, додека други деветмина седницата ја следеле од канцелариите на пратеничката група СДСМ. Таа додава и дека откако законот не бил изгласан тие излегле пред зградата собраниската зграда каде имало полициски кордон. Тврди дека слушнала и закани од полицијата упатени кон нив.
„Се слушна како некој од полицајците кажа : Дај да ги иритираме за да може да ги натепаме. Јас ќе упатам благодарност до присутниот командир, кој го одржа редот и не дозволи да се случи такво нешто“, рече Ѓоргиевска.
Според нејзините зборови, при излегување од салата на собранието, по ходниците од неколку пратеници слушнала за закани што наводно до неа ги упатил пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Поп Арсов.„Многу пратеници ми рекоа дека и нашиот господин Петар Поп Арсов, наш кумановец што јас го почитувам, рекол дека ќе ме апси, но не знам зошто“, рече таа пред членовите на анкетната комисија.
Според исказот на Ѓоргиевска, претставниците на стечајците кога влегувале во Собранието биле фотографирани и снимани од непознати лица, кои немале никакво обележје.
Претседателот на комисијата Хајрула Мисини даде пауза, поради одржување на пленарната седница на која се гласа за измените на собранискиот Деловник. Предвидено е да бидат сослушани и стручно лице од МВР кое ќе го објасни системот на обезбедување во собранието, како и членови на собраниското обезбедување.
Комисијата треба да утврди дали постои евентуална политичка одговорност за пратениците, кои на 1-ви јули беа дел од инцидентот со припадник на обезбедувањето, што се случи откако Собранието не го прифати предлог-законот за обештетување на стечајците. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

