Македонија
Попоски: Остануваме во преговорите за името
Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг овозможува враќање на правна предвидливост со цел остварување на евроатласките стремежи на Македонија, смета шефот на дипломатијата Никола Попоски.
Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг овозможува враќање на правна предвидливост со цел остварување на евроатласките стремежи на Македонија, смета шефот на дипломатијата Никола Попоски.
„Ова е клучна пресуда која не создава победници и поразени, туку создава можност да се вратиме во една правна предвидливост која ќе ни‘ овозможи да ги оствариме нашите стремежи за евроатлантска интеграција“, изјави Попоски, јави Дојче Веле на македонски јазик.
Според Попоски, пресудата е можност за „заедничка победа и заедничка посветла иднина со Грција од аспект на соработката“.
„Македонија останува целосно посветен и активен партнер во преговорите за името. Во следниот период треба да се фокусираме за она што се случи во Букурешт да не биде повторено, туку овој процес да се затвори со членство на РМ во НАТО“, порача министерот Попоски.
Според застапникот на Македонија пред Судот во Хаг и екс-министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во Хаг победила правдата.
„Во Букурешт 2008-ма Македонија беше попречена преку аргументот на силата, во Хаг 2011-та Македонија го доби спорот преку силата на аргументите. Сметам дека денеска имаме одлука од голема и историска важност. Таа одлука значи дека е зачувана Времената спогодба како клучен документ за билатералните односи меѓу двете земји и е добра шанса за Грција и Македонија да продолжат натаму во тој дух“, рече Милошоски.
За македонскиот амбасадор во Холандија, Никола Димитров, Македонија денеска во Хаг добила правда, оценувајќи дека се работи за голем ден за земјата.
„Факт е дека имаме право да се надеваме дека асоцијација во чие срце е владеењето на правото, како што е НАТО, ќе ја земе предвид оваа пресуда која што е исклучително и кристално јасна“, рече Димитров. /крај/dw/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во глава и оставена покрај пат
Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство.
На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го убиле велешанецот Ѓело Ѓошев.
Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.
Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.
Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор.
По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.
Македонија
Филипче ја уништи СДС под диктат на Заев партијата е на раб на исчезнување, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз каде партијата, како што велат, доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво.
„Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран Заев ја доведе СДС до раб на исчезнување на политичкиот спектар.
Венко Филипче наместо да го релативизира и минимизира поразот треба да си поднесе оставка. Под водство на Филипче кој делува како продолжена рака на Заев СДС наместо промени и реформи стана синоним за расипништво, каде тандемот Филипче и Заев се луксузира на скапи одмори, јахти, поседува милионски имоти и инвестира во Дубаи.
Со само 126 илјади гласа и 6 општини СДС доживеа потоп. Народот ги казни ароганцијата, расипништвото и лажниот морал. СДС заборави на реaлните проблеми на граѓаните, партијата се оддалечи од народот и стана затворен елитен клуб кој мисли само на личните привилегии“.
Според владејачката партија, СДС е се уште под диктат на Заев, Филипче не се дистанцира од штетните политики на Заев, неместо реформи во СДС се прават козметички потези и се штити раководството.
„Итна оставка на Филипче и длабоки внатрешни реформи се единствениот начин СДС да преживее на политичката сцена.
За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. Македонија има потреба од силна, чесна и одговорна опозиција.
Додека СДС тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија“.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.

